Македонија
Жерновски до опозицијата: Ние сме за влез во ЕУ преку договорот, вашиот концепт е непознат
Ние преку договорот сакаме да ја внесеме државата во ЕУ, а вашиот концепт е непознат, рече заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски. Тој ја повика опозицијата да учествува во процесот, потенцирајќи дека нема да навлегува во замката кој е поголем патриот.
„Заштитата за која зборува опозицијата ја има во нацрт-амандманите. Тоа значи дека ако Грција не ја ратификува спогодбата и протоколот за членството во НАТО, уставните амандмани нема да важат“, рече претходно Жерновски.
Жерновски ја искритикува опозицијата за односот кон референдумот, што тие често го наведуваат како аргумент против уставните измени. Заменик-министерот потсети дека ВМРО-ДПМНЕ во програмата барала и граѓаните да бидат консултирани на референдумот.
Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, предложи посебен амандман за заштита ако не помине договорот во Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

