Македонија
Жерновски на Министерски совет на ОБСЕ во Милано

Делегација на Република Македонија, предводена од заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе учествува на 25. Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 6 и 7 декември 2018 година во Милано, Италија. Најавено е присуство на високи претставници на 57-те земји учеснички на ОБСЕ и партнери на организацијата, меѓу кои и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
На Министерскиот совет ќе бидат разменети мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Италијанското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број одлуки и декларации кои се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко-воената, економско-еколошката и хуманата димензија.
Жерновски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на советот тој ќе оствари и одвоени состаноци со претставници на институциите на ОБСЕ, како и билатерални средби со шефови на делегации на земјите учеснички на организацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Драч, Република Албанија, заради учество на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“.
Во фокусот на годинашниот состанок ќе бидат неколку теми: Европската интеграција, Планот за раст на ЕУ, младинската политика и одливот на мозоци (brain drain), како и регионалната соработка и безбедност.
Главната цел на процесот е интеграција на сите земји од регионот во Европската Унија, како и стабилизирање на состојбите на Западен Балкан преку јакнење на регионалната соработка. Лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони“ се состануваат најмалку еднаш годишно.
Процесот „Брдо-Бриони“ е заедничка иницијатива на претседателите на Република Словенија и на Република Хрватска. Првиот состанок на лидерите се одржа во 2013 година, во Брдо кај Крањ.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?

„Заев своевремено зема куферче од Бојко, што зема сега Филипче за да ги продава националните интереси?“, праша денеска на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Бојко Борисов своевремено сам кажа дека лично ја помогнал опцијата на Зоран Заев за доаѓање на власт. Од тогаш до сега во СДС ништо не е сменето, тоа што функционирало со Заев, функционира и со Филипче, затоа што првиот е ментор на вториот. Ако тоа го направиле еднаш и знаеме како заврши, тогаш што сега ќе добие СДС за бонбона бизнисот со Бугарија? Таканаречената Резолуција која ја брендираа со таканаречени црвени линии не се ништо друго, туку Тројански коњ за измама на народот. Но едно забораваат, народот нема да падне на нивните лаги, ниту можат повеќе да го лажат. Граѓаните видоа што се вистинските намери на СДС и затоа жестоко ќе ги казнат на овие избори“, истакна Петрушевски.
Македонија
Мециновиќ: Енегријата е очигледна, одиме во втор круг

„Енергијата е очигледна. Луѓе, одиме во втор круг! Таму ќе разговараме за многу нешта затоа што во првиот круг противкандидатите ќе бегаат од дебати. Но, во втор круг нема каде да избегаат и ќе се сретнеме конечно. Ние во мандатот ќе се залагаме за градскиот превоз, за загадувањето на градот, за зајакнување на претпријатијата и преку тоа создавање на функционални јавни претпријатија кои сите услуги ќе ги даваат на задоволително ниво. Утре продолжуваме понатаму, по улиците, онаму каде што патот ќе нè однесе. На улиците ги промовираме нашите спотови кои се цензурирани. Ова движење не е запрено, тоа станува сè поголемо од ден на ден,“ изјави Амар Мециновиќ, пратеник и кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на Левица.
Мециновиќ заедно со кандидатот за градоначалник на Аеродром, Марјан Димитриев и советниците за Град Скопје и Општина Аеродром одржаа средба со граѓаните.
„На терен сме, лице в лице со народот – ја слушаме секоја мака и секој предлог. Нашата сила е токму во народот, а нашата визија е чиста, праведна и современа општина и град по мерка на жителите,“ порачаа од партијата.
Димитриев, кој во Аеродром влегува со амбициозна програма, пред граѓаните потенцираше:
„Денес сме тука да ја претставиме нашата програма. Дел од приоритетите се чиста и здрава општина, да ставиме крај на загадувањето и конечно да го решиме паркинг просторот. Аеродромци се спремни за победа, така што морам да кажам – доаѓа нашето време.“
Од Левица нагласуваат дека нивната цел е да го вратат Скопје и Аеродром во рацете на народот – преку транспарентно и одговорно управување во интерес на сите граѓани.