Македонија
Жерновски на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН
Делегација на Министерството за надворешни работи, предводена од заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, во периодот од 25 до 27 февруари престојуваше во Женева, каде што учествуваше на сегментот на високо ниво на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН.
Во своето обраќање Жерновски се осврна на актуелните глобални предизвици, кои се во фокусот на вниманието на меѓународната заедница од аспект на состојбата на човековите права. Во делот посветен за презентирање на состојбите во земјата, тој информира за преземените активности во насока на унапредување на состојбата во повеќето општествени сфери со цел соодветна промоција, заштита и почитување на човековите права и слободи.
На маргините на Советот, Жерновски се сретна со Дидиер Рејндерс, вицепремиер и министер за надворешни работи на Кралството Белгија. На средбата Жерновски оцени дека билатералната соработка помеѓу двете земји се одликува со пријателство и со заемно изразена подготвеност за натамошно унапредување. Двете држави споделуваат исти демократски вредности и интерес за соработка. Посебно се осврна на надворешнополитичките приоритети потенцирајќи ја историската година на РСМ со затворање на најчувствителното билатерално прашање со Грција, при што Жерновски истакна дека земјава веќе нема отворени политички прашања, со што се отстранети сите пречки за членство во двата големи сојуза – НАТО и ЕУ. Следува период за економско консолидирање и почуствување на економските бенефити од овие процеси.

Жерновски изрази благодарност кон Кралството Белгија за континуиранaта поддршка во ЕУ и НАТО-интеграците на земјава и очекување дека набргу ќе следува ратификација на пристапниот протокол во белгиското дводомно собрание.
Министерот Рејндерс упати честитки до Владата и ја реафирмира поддршката на Белгија во реализација на стратешките цели на РСМ и реформските процеси, при што ја охрабри Владата да продолжи со преземените клучни реформи со цел добивање датум за почнување на преговорите со ЕУ во јуни и истакна дека Белгија набргу ќе го ратификува и протоколот за членство на земјава во НАТО.
Во рамките на учеството на високиот сегмент на 40. Совет за човекови права, Жерновски оствари билатерални средби и со Ретно Лестари Пријансари Марсуди, МНР на Индонезија, Тереза Рибеиро, ЗМНР на Португалија, Пол Тесалу, ЗМНР на Естонија, Елмар Махарам, МНР на Азербејџан, Емануела Клаудија дел Ре, ЗМНР на Италија, Кјото Цуји, ЗМНР на Јапонија и со Клаудио Авруј, државен секретар. На сите средби беа упатени искрени честитки за стекнатиот статус на поканета членка во НАТО со изразена надеж дека формалната ратификација на протоколот ќе заврши многу бргу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

