Македонија
Жерновски се сретна со специјалниот претставник на Канцеларијата на ОН во Македонија, Лујза Винтон

Заменик-министерот за надворешни работи на Република Македонија, Андреј Жерновски, ја прими Лујза Винтон, специјален претставник на Канцеларијата на Обединетите нации во Република Македонија.
Состанокот беше во функција на информирање и консултации во однос на престојното 73. Генерално собрание на Обединетите нации, кое ќе се одржува во Њујорк од 24 до 28 септември оваа година, а на кое Жерновски ќе ја претставува Република Македонија како дел од македонската делегација.
Винтон ги посочи заедничките предизвици во поглед на борбата против радикализацијата на насилен екстремизам и тероризам, профелирација на оружје за масовно уништување како закана за светската безбедност, потребата за заедничка акција за подобрување на човековите права и промоција на дијалогот како средство за разбирање и соработка помеѓу нациите.
Жерновски истакна дека Македонија е силен подржувач на мултилатерализмот и дека ќе работи со сите земји членки на Обединетите нации со цел да се заштитат човековите права, да се подобри безбедноста и да се зачува мирот во светот.
На состанокот стана збор и за актуелните внатрешно-политички состојби, текот на домашните реформи и надворешно-политичките приоритети на Република Македонија, со акцент на актуелностите поврзани со спроведувањето на претстојниот референдумот.
„Убеден сум дека граѓаните ќе ја препознаат сериозноста на одлука пред која сме исправени, а со приближување на денот на референдумот, поддршката за евро-атлантската иднина на земјава ќе расте сѐ повеќе”, потенцираше Жерновски на состанокот.
„Ова е неповторлива шанса и сите обединети мора да се вложиме за да ѝ помогнеме на сопствената земја и на сопствените граѓани, во исполнување на нашите аспирација за членство во ЕУ и НАТО”, заклучи Жерновски на состанокот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Завршен првиот дел од санацијата на хидросистемот Ѓавато, кој повеќе од 4 години беше со пробиени цевки

Заврши првата фаза на санирање на хидросистемот Ѓавато. Бунарскиот дел е комплетно завршен, пуштена е водата и нема никаде протекување, објави премиерот, Христијан Мицкоски.
Тој додаде дека останува уште една интервенција на цевката за испуст и со тоа ќе бидат дуплирани количините вода кои ќе се влеваат во Дојранското езеро.
„Каква беше состојбата пред интервенцијата? Повеќе од четири години пробиени цевки на двата функционални бунари. Потрошени повеќе од половина милион евра за електрична енерија, а ефектот минимален или никаков. Два функционални од десет направени бунари. Негрижа и срам. Во втората фаза ќе обезбедиме најмалку уште две бунарски пумпи за зголемен капацитет и побрзо полнење на Дојранското езеро. Владата во втората фаза ќе го задолжи ФОД при ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ) да ги репарира постојните потисни пумпи. Конечно во последната трета фаза ќе инсталираме сончеви панели со батерии за акумулирање на електричната енергија и сопствено производство на електрична енергија. Нема трошење милиони евра од буџетот за електрична енергија“, напиша Мицкоски.
Македонија
СДСМ ги објави имињата на уште 11 кандидати за градоначалници

Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел – Оливера Ливриниќ
2. Велес – Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
„СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините’“, соопштија од партијата.
Македонија
Гужва на границите: на Богородица и Табановце се чека по 40 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, поради летните одмори се бележи зголемена фрекфенција на возила, информира АМСМ.
На ГП Богородица времето на чекање за влез е околу 40 минути, на ГП Дојран времето на чекање за влез е околу 20 минути, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути, додека пак на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од денеска од 05:00 часот регионалниот пат Р-1106 Нова Брезница – Македонски Брод преку националниот парк Јасен ќе биде пуштен за сообраќај во термините од министерство за внатрешни работи. Се препорачува внимателно возење, почитување на сигнализацијата и прилагодување на брзината поради можни одрони на патот.