Македонија
(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата
Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во поликлиниката „Јане Сандански“.
„Сметаме дека одлуката е скандалозна бидејќи објективно проблемот на Кисела Вода ќе биде решен, но ќе биде префрлен на други три места. Тоа секојдневие кое го има во Кисела Вода ќе се префрли тука. Бараме одлуката да се повлече. Решението треба да го најде Филипче. Масовноста ќе се зголемува од ден на ден ако одлуката не се промени. Нема расположение ниту зависниците привремено да останат тука“, рече поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, кој беше присутен на протестот.
Како што изјавија дел од учесниците, собирот е во однос на тоа дека поликлиниката „Јане Сандански“ нема услови да ги прими зависницте.

„Не сме против луѓето кои собрале храброст да се лечат од дрога и апсолутно го имаат правото да го добијат својот третман, но не вака. Со ова не се решава проблемот со центарот за зависници во Кисела Вода, туку само се продлабочува. Тука има основно училиште, градинка со најголем капацитет во градот, станува збор за густо населено место“, кажа Мартин Клинчаров, еден од незадоволните жители.
Тој коментирајќи ги изјавите на жителите од Кисела Вода кои кажуваат дека наоѓаат шприцеви расфрлани низ тревата, запраша кој гарантира дека тоа нема да биде така и на оваа локација.
„Ова не е центар за зависности, мислам дека е покомплицирано од тоа. Овие ад хок решенија создаваат проблеми, во оваа населба има голем број деца. Овие луѓе нема да дозволат“, додаде тој.
„Ние сме граѓани, што ние да понудиме. Има три објекти на Водно, зошто не се преселат таму каде нема густа населеност? Такво решение треба да се бара, ова не е решение“, рече Клинчаров.
Според, друг жител, Огнен Герасимовски, проблемот треба да се реши со изградба на објекти на периферијата.
„На ова место има црква, згради, градинки, училишта. Во паркот кај црквата ние до денес сме наоѓале шприцеви од дрога. Ние не сме против зависниците. Наместо да се градеа објекти кои ништо не значат, да се изградеа објекти на периферија и така да се решеше проблемот“, рече тој.

Оливера Стефановска, учесничка на протестот, смета дека нови простории за лицата кои се лечат од зависност, на соодветна локација може целосно да се изградат за три месеци.
„Овој протест е револт по одлуката на министерот Филипче тука да се лечат зависници од дрога. Мислам дека моите деца ќе бидат нападнати од зависници, бидејќи кога сум била во клиника сум видела како се лечат, бараат пари. Во Драчево, Лисиче, таму нека се лечат, таму каде нема население. Три простории можат да се напраат за три месеци“, вели таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

