Македонија
Жителите на Влае се противат на изградба на зграда од 11 ката
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/фс.jpg)
Отворена е петиција „Борба за Влае“ против изградбата на 11-катница на улицата Есперанто.
В недела напладне жителите на скопската населба ги канат на средба советниците и градоначалниците на општина Карпош и на Град Скопје, на плоштадот Делфина.
Жителите на Влае, собрани под иницијативата „Борба за Влае“, во дописот испратен до јавноста велат дека се обидуваат да ја задржат улицата северно од основното училиште „Димо Хаџи Димов“ во својата моментна состојба. Загрижени се од активностите на Општина Карпош за носење нов урбанистички проект за улиците Есперанто и Ангел Динев во населбата Влае 2, токму околу основното училиште.
Овој урбанистички проект, тврдат од иницијативата, би ѝ овозможил на Општината да почне со работа на терен, без претходно изгласување на предлог-детаљниот урбанистички план (ДУП) од страна на советниците во Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Гази Баба обезбедува бесплатни униформи за сите ученици
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/uniformi-22.jpg)
Општина Гази Баба и оваа година обезбедува бесплатна униформа за сите ученици од општинските основни училишта.
Проектот за бесплатни униформи на учениците се воведе од минатата учебна година и истото беше ветување во изборната програма на градоначалникот Бобан Стефковски.
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот Стефковски ги информираше граѓаните и напиша:
„Со почеток на учебната 2024 / 2025 година, сите ученици од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба ќе добијат бесплатна униформа.
Овој проект започна да се реализира во општина Гази Баба со моето доаѓање за градоначалник со што го исполнив ветувањето кое го дадов за време на изборите, дека сите ученици ќе добиваат бесплатни униформи.
Со реализацијата на овој проект се намалуваат социјалните разлики што ги има во секое општество и се постигнува чувство на еднаквост меѓу децата, без поделби и разлики меѓу нив во начинот на облекување, а притоа се намалуваат и трошоците на родителите на учениците“, напиша Стефковски.
Македонија
Акција на ЈП Водовод – Скопје за отплата на долгови без пресметка на камата до 31 јули 2024
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/vodovod-skopje.jpg)
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја известува јавноста и граѓаните на град Скопје, дека акцијата за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024.
„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за отплата на долговите на најмногу 48 рати за физички лица и 24 рати за правни лица, во зависност од висината на долгот, без пресметка на камата за задоцнето плаќање“, велат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес.
По истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје контактирајте на:
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар; 02 3240 300, Дирекција; [email protected]; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje
Македонија
Приведени 19 лица на фестивал во Дојран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/dojran-festival.jpg)
Полицијата приведе 19 лица за време на фестивалот што викендов се одржуваше во Дојран.
Според информацијата од МВР, кај нив била најдена дрога.
„На 29.06., 30.06. и 01.07.2024, за време на одржување на фестивал во Стар Дојран, полициски службеници ги лишиле од слобода А.С.(29) од Струмица, Д.Ш.(24) од Гевгелија, Ј.Р.(23) од Скопје, К.В.(24) од Куманово, А.А.(32) од Струмица, Д.А.(34) од Скопје, Г.И.(46) од Скопје, Ј.Б.(32) од Гостивар, В.Г.(18) од село Црничани, гевгелиско, Т.П.(18) и К.Ц.(18), и двајцата од село Миравци, гевгелиско, Г.М.(47) од Скопје, Ф.И.(19) од село Удово, валандовско, Б.С.(23) од село Батинци, скопско, Д.З.(23) од Скопје, А.А.(30) од Валандово, Н.А.(18) од Скопје, С.П.(20) од Башино Село, велешко, и еден 17-годишен турски државјанин. При преглед кај нив, како и при контрола во возила во кои се превезувале биле пронајдени марихуана, прашкаста материја и таблети“, велат од МВР.
За настаните бил запознаен јавен обвинител, а по нивно документирање против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.