Македонија
Жителите на селата Иловица и Штука ги демантираат написите во медиумите од здружението „Здрава котлина“
Жителите на селата Иловица и Штука, во писмена реакција до медиумите, во целост ги отфрлаат информациите изнесени од здружението „Здрава котлина“.
„Ние жителите на село Иловица, како легитимни членови на СДСМ Иловица и други жители со различна партиска провиненција, во целост и со индигнација, ги отфрламе информациите изнесени во медиумскиот напис со наслов „Членови на СДСМ со ултиматум до Заев: Да се изјасни за рудникот Иловица или нема да излеземе на референдум“ како невистинити, спинувани и подготвени во „нечија кујна“.
Состанокот одржан во вторникот навечер, на кој присуствуваа жители на селото Штука, се однесуваше на претстојниот референдум на 30 септември 2018 година. Тогаш, неколкумини сограѓани се обидоа да го свртат вниманието кон прашањето за странската инвестиција рудникот „Иловица – Штука“, кој според нас, но и според други жители на селата треба да се решава после референдумот. Исто така, во петокот навечер, се одржа состанок на жителите на село Иловица, кои воопшто не се сложија со констатациите изнесени во написот на здружението „Здрава котлина“ за состанокот одржан во вторникот навечер.
Сакаме и да му кажеме на нашиот премиер Зоран Заев дека референдумот обезбедува светла иднина за целата држава и дека, целосно, ја има нашата поддршка како граѓани на Македонија. Свесни сме дека секогаш ќе има мала група граѓани кои ќе се обидат да ја злоупотребат ситуацијата и да си дадат до значење пред македонската јавност и пред државните лидери.
Генерално, не сакаме да ги коментираме спинуваните информации проследени од еколошкото здружение „Здрава котлина“, затоа што тие не се наши легитимни претставници. За рудникот порачуваме дека после референдумот, со нашиот партиски претседател и премиер и други легитимни претставници, партиски и институционални ќе седнеме и ќе го најдоброто решение за сите нас и ќе ја почитуваме секоја одлука донесена од Владата по ова прашање“ се наведува во писмената реакција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пролетен неделен ден во зима со температури до 16 степени
Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 5, а максималната ќе достигне од 12 до 16 Целзиусови степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура се очекува да се спушти до 0, а максималната да достигне до 15 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, до среда ќе се задржи стабилно и релативно топло време. Утрата ќе бидат постудени со појава на слаба магла по одделни котлини. Во четврток и петок ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.
Македонија
Родителите на децата загинати во Пулс порачаа дека правда мора да има
Родителите на загинатите во трагичниот пожар во „Пулс“ поладнево на „Марш за ангелите“ порачаа дека нема да дозволат одговорните за трагедијата на нивните деца да ја избегнат правдата, иако, велат на обвинителната купа седат само дел од лицата поврзани со трагедијата.
-Суштината е одговорноста. Факт е дека денес на обвинителна клупа седат дел од лицата поврзани со трагедијата. Но, исто така факт е – болен, непобитен факт – дека постојат луѓе со многу поголема моќ, обврски и надлежности, кои воопшто не се ни опфатени. Луѓе кои имале должност да спречат, а не спречиле, рече Александар Наунов, претседател на Здружението на граѓани „16 Март 2025 Кочани“.
Тој, во изјавата за медиумите, истакна дека се најавува свикување колегиум на обвинителите за повторно разгледување и евентуално ослободување на дел од обвинетите.
-Колегиумот (на обвинители) може да прегледува документи, но не може да брише факти, не може да брише пропусти, не може да брише нечии должности што биле игнорирани. Не може да избрише нечие непостапување кога тоа било прашање на живот и смрт, смета претседателот на ЗГ „16 март 2025 Кочани“.
Според Наунов, суштината не е во тоа кој трчал, кој се плашел, а кој спасувал, туку кој имал должност, а не ја извршил.
-Ние не сме овде за одмазда. Ние сме овде за правда. За ред. За систем што ќе ги штити децата – не систем што ќе ги остави да загинат. Родителите никогаш не се откажуваат. Можеби ќе нè уморите, но нема да нè скршите. Можеби ќе не одолговлекувате, но нема да не замолчите. Вистината ќе излезе на виделина, рече Наунов.
Протестниот марш денеска започна од „Паркот на Револуцијата“, а заврши пред Основниот суд и обвинителство во Кочани.
Македонија
Претседателката за утре го свика Советот за безбедност
По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за безбедност.
Како што соопштија од Кабинетот на претседателката Сиљановска – Давкова, седницата ќе започне во 18 часот во Вилата Водно, а на дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

