Македонија
Жителите на Јегуновце ќе може да ги продолжуваат личните документи во Теарце

Со цел непосредно да им се помогне и олесни жителите на општина Јегуновце ќе може да ги продолжуваат своите лични документи (лични карти и патни исправи) и во дисперзираната базна станица во Полициската станица Теарце.
СВР Тетово објави дека жителите ќе имаат можност да аплицираат и да се фотографираат во базната станица во Теарце за да не доаѓаат во Тетово и да не трошат парични средства и време за патување од селата во овој регион до градот и назад.
Важно е да се напомене дека ова не се однесува на оние што првпат аплицираат за добивање вакви документи или кои во меѓувреме ги изгубиле или оштетиле. Тие и натаму ќе треба да се обратат и да аплицираат во Отсекот за управни работи во Тетово.
Практиката е во рамките на континуираните напори што ги прави Министерството за внатрешни работи, односно Секторот за внатрешни работи Тетово, да се поедностават и квалитетно да се унапредат сервисните услуги што ги бараат и добиваат граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Опожарено возило во Аеродром

Во периодот од 01:40 до 02:40 часот, пожарникарите гаснеле запалено патничко моторно возило, на површина од 2м2 на булеварот Видое Смилевски – Бато, општина Аеродром.
Интервенцијата ја извршиле тројца пожарникари со едно возило. Материјалната штета изнесува 9000 денари, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Македонија
Сарај и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
– Во периодот од 08:15 – 14:00 часот дел од село Кондово пред Медреса, општина Сарај;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот делот позади Стаклара, општина Кисела Вода;
– Во периодот од 09:00 – 12:00 часот МВ Каменик, с.Усје, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска Кисела Вода и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, информира дека денеска ќе има прекин на водоснабдување на улицата Невена Георгиева Дуња поради изведување на водоводен прикључок од Ф100.
Без вода ќе бидат корисниците од улицата Невена Георгиева Дуња, улицата Дренак, улицата Виктор Иго и улицата Драга Стојановска во општина Кисела Вода. Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09 часот до завршување на санирарањето.
Oд 09 часот поради изведување на водоводен приклучок Ф100 мм на улица Демир Трајко 64а ќе има прекин на вода на следните улици Демир Трајко, дел од улицата Ванчо Мицков и булеварот Партизански Одреди на Крак 1, 3, 5, 7, 9, 11 до завршување на истиот, општина Карпош.