Македонија
Забрана за камиони на патните правци Маврово-Жировница и Тетово – Попова Шапка

Забрани за тешки товарни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница, Тетово – Попова Шапка, каде што дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата посветено работи, преку зголемување на инвестициите да го подобри стандардот на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Со ништо СДС не може да го скрие вчерашното целодневно јавно бламирање. Ниедно соопштение за ниедна тема не може до го испере нивното бламирање на јавна сцена и непознавањето на состојбите на нивниот претседател, Венко Филипче по вчерашната прес-конференција, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, излишни се коментарите за состојбите во економијата на оние кои што за седум години целосно ја уништија, а стандардот на граѓаните го срозија, доведувајќи над пола милион до просјачки стап со по 150 денари на ден.
„СДС да беа способни и да водеа правилни економски политики, немаше состојбата во државата да е таа што е, а нивната политичка елита дополнително збогатена на грбот на граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија која ја предводи македонската Влада посветено работи на подобрување на економската состојба во државата и на подобрување на животниот стандард на граѓаните.
Тоа, пред се, се прави преку издржани и долготрајни решенија кои на долг рок ќе обезбедат економски развој и подобар живот за сите“.
Додаваат дека континуирано се преземаат итни мерки за зачувување на куповната моќ и стандардот на граѓаните, преку намалување на цените на прехранбените производи, меѓу кои последната е ограничување на маржите на над илјада производи.
„Во континуитет се зголемуваат платите и пензии, кои со исплата на мартовските пензии следи ново линеарно покачување од 2500 денари и покачување како на минималната платата, така и на платите во разни сектори како здравство, образование“, истакнуваат од владејачката партија.
Македонија
Наредено уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо од Полска

Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, по спроведниот вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1.980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска, кое било транспортирано во возило што го запленило Министерството за внатрешни работи од непознат сторител.
Месото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контролата било во фаза на отопување.
Во запленетото возило небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 Целзиусови степени) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот, соопшти АХВ.
Македонија
Отповикани осум амбасадори, кои беа назначени од Стево Пендаровски

Повлечени се осум амбасадори, кои беа назначени од поранешниот претседател на државата, Стево Пендаровски.
Отповикани се амбасадорите Мето Белески – Брисел, Катерина Ставревска – Лондон, Зеќир Рамчиловиќ – Подгорица, Пајо Авировиќ – ОБСЕ, Емил Крстевски – Прага, Јакуп Реџепи – Сараево, Агнеза Руси – Софија, Џенк Сејфула – Стокхолм.
Како причина за нивното враќање се наведува неисполнувањето на член 39 од Законот за надворешните работи затоа што не ги претставиле дипломатските тези пред собраниската Комисија за надворешна политика пред да бидат упатени за ополномоштени македонски амбасадори.