Македонија
Забрана за пластични кеси од 1 јуни в година, соопшти Министерството за животна средина
Одлуката за целосна забрана за пуштањето пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјата ќе стапи во сила на 1 јуни 2024 година, а не на 1 јуни годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека во согласност со Правилникот за изменување на Правилникот за стандардите за биоразградливост, кои треба да ги исполнуваат кесите за носење стоки, начинот на пуштање пазар на биоразградливи кеси од страна на трговците, како и формата и содржината на образецот за водење евиденција (‘Службен весник на РСМ’ бр. 112/23 од 31.5.2023 година), направена е измена во член 6, став 1 и зборовите „1 јуни 2023 година“ се заменуваат со зборовите „1 јуни 2024 година“. Оттука, забрана за употреба на кеси што не ги задоволуваат стандардите пропишани со овој Правилник целосно ќе биде имплементирана од 1 јуни 2024 година“, е истакнато во официјалното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

