Македонија
Забрането капење на плажа во Охрид

На плажата кај хотелот „Мизо“, на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост се поставени знаци за забpaнето капење.
На ова место летуваат неколку стотини странски туристи, а неофицијално сомневањата се дека колекторот не функционира, па фекалиите се слеваат директно во езерото.
„Колекторот после толку години не е во функциja и ова е причината поради која капењето е забpaнето. Ало фотелјаши, вие што се гpижeвте, што кажувате дека ќе не биде дали сте нopмални? До кога ќе го yништyвaте и она малку убаво што остана во Република Македонија? Kpиминалци едни нecпособни! Се работи за здpaвјето на луѓето, за yништyвање на природа, за yништyвање на туризмот, пишува на Фејсбук универзитетскиот професор Самоил Малчески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муцунски учествува на Комитетот на министри на Советот на Европа

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата.
Состанокот се одржа во контекст на актуелните геополитички предизвици, со фокус на поддршката за Украина, улогата на Советот на Европа во заштита на демократијата и човековите права, како и на натамошното зајакнување на европската соработка. Акцент во разговорите беше ставен и на новиот Демократски пакт за Европа и можностите за развивање на поинклузивна и поотпорна демократија.
Разменети беа мислења и за имплементацијата на Декларацијата од Самитот во Рејкјавик, за соработката меѓу Советот на Европа и Европската унија, како и за прашања поврзани со заштитата на животната средина од перспектива на човековите права. На маргините од состанокот, Северна Македонија ја потпиша Меѓународната конвенција за заштита на професијата адвокат, а во рамки на сесијата беше извршена и примопредавањето на шестмесечното претседавање со Комитетот на министри од Луксембург на Малта.
На маргините на сесијата, министерот Муцунски оствари и билатерална средба со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан. Разговорот беше фокусиран на билатералните односи меѓу двете земји, како и на актуелните геополитички случувања.
Македонија
(Видео) Во угостителски објект во Прилеп фрлена бомба, СДСМ бара разрешување на началникот и на командирот

Вчеравечер во угостителски објект во нашиот град беше фрлена бомба која, за среќа, не експлодирала. Точно 16 месеци одговорноста за безбедноста во државата е во рацете на ДПМНЕ и министерот Панче Тошковски, изјави Петра Лукароска, претседателка на ОО СДСМ Прилеп.
„Во тој период во дневните полициски билтени беа регистрирани два инцидента со експлозивни направи, триесетина запалени автомобили, еден опожарен ноќен клуб и недефиниран број на оружени пресметки и насилства во угостителските објекти и градските улици. Прилеп наликува на Дивиот Запад од неговите најславни времиња“, рече таа.
Според неа, официјалните бројки на регистрирани инциденти само го потврдуваат фактот дека власта на ДПМНЕ го направи Прилеп опасно и небезбедно место за живеење.
„Граѓаните се оправдано загрижени за личната безбедност и безбедноста на своите најблиски. Како одговорна политичка партија, СДСМ уште еднаш алармира за сериозноста на проблемот кој и локалната и централната власт упорно го игнорираат. Во таа насока е и нашиот апел до министерот Тошковски, но и до Советот на општина Прилеп: разрешувањето на началникот на ОВР Прилеп, Марјан Станоески и командирот на Полициската станица од општа надлежност, Горан Колонџоски, ќе биде првиот чекор во создавањето услови за нормализирање на безбедносната состојба’, изјави Лукароска.
Македонија
(Видео) Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудството ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

После речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава. Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби, истакна Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на Комисијата за правда на СДСМ.
Владата на ДПМНЕ, појасни таа, за речиси една година не исполни апсолутно ништо од ветувањата за системски решенија. Не исполни ништо, како што додаде, за нивната таканаречена трансформација на правосудните органи во независни, транспарентни и ефикасни субјекти.
Власта, оценува Калевска-Ванчева и понатаму се обидува да има главна улога и влијание во правосудството и да го држи во партиски стеги.
„За тоа сведочи фактот дека упорно и свесно се доцни со спроведувањето на активностите од реформската агенда и секторската развојна стратегија за правосудство (2024-2027), каде што се предвидени јасни чекори, прецизни рокови и конкретни пари од ЕУ преку Планот за раст.
Особен проблем е однесувањето на министерот за правда, Игор Филков, кој се чини дека тенденциозно го минира процесот.
Од предвидените реформски закони, Министерството за правда, стави само 4 на ЕНЕР, а тие допрва треба да ги усвои Владата, па да достават и до Собранието.
Зошто министерот Филков толку го одолговлекува реформскиот процес, иако рокот е до јуни“, праша таа.
Додаде дека и покрај свесното пролонгирање на реформскиот процес, и покрај фактот дека не ги проследува наводно изготвените законски решенија, тие остануваат максимално конструктивни.
„И затоа денеска ги поднесовме и архивиравме нашите коментари на единствените закони кои тој ги ставил на ЕНЕР. Ние за нив имаме сериозни забелешки но и конкретни предлози за нивно подобрување.
Апелираме до министерот Филков, ако вистински се грижи за реформската агенда и тврди дека работи на ургентните законски решенија, да престане да го минира процесот и да ги достави решенијата, за кои, ја убедува јавноста дека ги изготвил.
Остануваме целосно посветени на напредокот на државата. Ќе продолжиме да се бориме против сите обиди за партиски упад во правосудството и конечно, ќе ги нудиме нашите конструктивни предлози и решенија“, кажа Калевска-Ванчева.