Македонија
Завршуваат третата и четвртата фаза од реконструкцијата на улицата Орце Николов
Општина Центар најави дека во наредните денови ќе ги завршат третата и четвртата фаза од целосната реконструкција на улицата Орце Николов. Двете фази го опфатија делот од раскрсницата со улицата Наум Наумовски – Борче до првиот влез на Министерството за одбрана.
„Во овие две фази стариот и оштетен коловоз е заменет со нов, висококвалитетен асфалт, реконструирани се тротарите, изведени се нови велосипедски патеки и изведено е паралелно паркирање. Поставено е ново енергетски ефикасно ЛЕД-осветление, изведена е нова водоводна и атмосферска канализација, а обновена е и топлотната мрежа.

Во претходните фази се реконструираа коловозните, пешачките и велосипедските површини, поставено е ново ЛЕД-осветление и воведен е нов систем за модернизација на јавното осветление. Во првата и втората фаза се поставени нова атмосферска канализација и вертикална сигнализација, ослободени се јавните површини и воведен е нов кружен тек на најкритичната точка на улицата за намалување на сообраќајните незгоди на овој потег, смирување на сообраќајот и зголемување на безбедноста на улицата Орце Николов“, соопштија од Општината.
![]()
Од таму додаваат дека со завршувањето на градежните активности на овие две фази, на крајот на септември ќе почне реконструкцијата на петтата, претпоследна фаза од реконструкцијата на улицата.

Реконструкцијата на „Орце Николов“ опфаќа површина од вкупно 7.182 квадратни метра и се очекува да биде готова во јули. Целиот зафат ќе чини 64.847.608,47 денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

