Македонија
Заглавено лице во сопствената викендица во селото Цветово: поради наноси од снег над 60 сантиметри
РЦУК Скопје, известува дека утрово во 09.18 часот, добиле пријава од заглавено лице во месноста „Празни торба“ – Црни врв, с.Цветово (Општина Студеничани), коешто се наоѓало во сопствена викендица.
Според известувањето од пријавителот, на местото каде се наоѓал имало наноси од снег кои биле повисоки од 60 сантиметри и лицето не било во можност да го користи сопственото моторно возило иако поседувало зимска опрема.
Од страна на РЦУК Скопје известен бил градоначалникот на Општина Студеничани, кој информирал дека имаат договор со фирма за чистење на снегот, но само до населените места.
Во 15.30 часот, вчера, од градоначалникот била добиена информација дека не успеале да обезбедат багер за чистење на снегот, но на пријавителот му било понудено да биде евакуиран со возило-мотор со гасеници, но истиот го одбил тоа, бидејќи не сакал да го остави возилото.
Дел од регионалните центри за управување со кризи според ЦУЈК известиле и за населенте места каде електричната енергија се уште е во прекин после врнежите од дожд и од снег на повисоките места.
„Регионалниот ЦУК Велес, ја пренесува информацијата од ЕВН Македонија дека поради дефекти настанати од врнежи од снег без електрична енергија од 07:00 часот се селата Рожден, Мајдан и Моклиште (Општина Кавадарци).
РЦУК Тетово, ја пренесува информацијата од ЕВН Македонија дека по последните обилни врнежи од снег во мавровскиот регион без напојување со електрична енергија се селата: Сретково, Железна Река, Страјане , Богдево, Ничпур и караулата „Стрезимир“. Екипите на ЕВН не можеле до сега да интервенираат поради висината на снежната покривка и недостапните патишта. Се очекува интервенција на екипите во текот на денешниот ден“, објави ЦУК.
Од центарот потсетуваат дека сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.
Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

