Македонија
Заев: Го добивме најпозитивниот извештај, подготвени сме за почеток на преговорите
Денеска го добивме најпозитивниот извештај досега откако сме земја кандидатка за членство во ЕУ. Добивме чиста препорака од Европската комисија за почеток на преговорите, истакна премиерот Зоран Заев, кој присуствуваше на дебата по презентацијата на извештајот за напредокот на земјата на патот кон Европската Унија.
„Заслужуваме да се израдуваме и да им честитаме на сите: Владата, Собранието, сите политички партии и групи што се вградија во уставните измени и реформите, целото општество, граѓаните. Сработивме многу и имаме резултат“, рече Заев. Тој му заблагодари и на амбасадорот на ЕУ во нашата земја, Самуел Жбогар, како и на целиот тим на делегацијата на ЕУ во нашата земја, кои, како што рече, несебично учествувале во поддршката на остварувањето на овие резултати.
Заев нагласи дека со задоволство ги примиле сите позитивни оценки што доминираат во извештајот, но со внимание ги прифаќаат и конструктивните забелешки.
„Покажавме дека сме подготвени да носиме храбри, историски одлуки и да покажеме политичка зрелост и европски манири. Нашето време во чекалницата го искористивме за да се подготвиме за преговорите за пристап. Денес сме подготвени и политички и институционално. По оваа препорака, набргу ќе го комплетираме и тимот за преговори, а при крај сме и со техничкиот подготвителен скрининг за сите поглавја. Нашите задачи ги исполнивме од прва до последна и целосно сме подготвени за почеток на преговорите. Сега на потег се државите членки и институциите на Европската Унија. На потег е Европа да испорача. Силно веруваме дека заслужуваме одлука и доверба, што ЕУ ќе ја донесе врз основа на нашите заслуги“, нагласи Заев.
Додаде дека испораката на јасен став за почеток на процесот на преговорите со отворање на поглавјата е од интерес и на Европската Унија.
„За улогата на ЕУ како глобален играч, за нејзината надворешна политика, за идните перспективи на регионот. Отворањето на преговорите за пристапување во ЕУ е единствената гаранција за одржување на домашната стабилност и за одржување на реформскиот импулс во Северна Македонија, со позитивни ефекти за целиот регион на Западен Балкан“, заклучи Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

