Македонија
Заев: Го обезбедивме идентитетот, ги исполнувме аспирациите на нашите предци
Направивме чекори за пример и целиот свет зборува за тоа. Конечно го фиксиравме, го зацврстивме идентитетот, никој повеќе не го спори македонскиот јазик и македонскиот народ, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев на граѓанската трибина „На прв пат“ во Гостивар.
„Во Обединетите нации нема веќе ФИРОМ, сега е впишана личната карта на нашата држава. Во ООН е запишано – македонски јазик и Македонци. Ја исполнивме вековната аспирација на нашите татковци и дедовци и затоа треба да сме горди“, додаде Заев.
На трибината, Заев истакна и дека се остварува стратешката, национална и децениска цел, а тоа е челнство во НАТО.
„Франција го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО, остана уште само Шпанија и ете не, конечно во НАТО. Изборите во Шпанија завршија, објавена е владејачка коалиција, на 3 декември ќе се конституира Собранието, кон средината на декември Владата, па очекуваме веќе на почетокот на следната година, од јануари, да бидеме полноправна членка на НАТО“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип
Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ.
Претходно, од 19:10 часот, поради сообраќајна несреќа на експресниот пат Кочани – Штип во близина на село Тркање, сообраќајот беше во целосен прекин.

