Македонија
Заев го откажал ручекот кај Курц
Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, ги повика на работен ручек в понеделник во Виена премиерите од земјите од Западен Балкан.
Од кабинетот на канцеларот Курц за „Танјуг“ рекле дека на ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерите на Албанија и Црна Гора, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ, и шефот на косовската влада, Рамуш Харадинај.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, кој претходно бил најавен, го откажал ручекот поради внатрешнополитичките прашања, пишува српската новинска агенција „Танјуг“.
Истовремено, на состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.
Според најавите, на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

