Македонија
Заев: Да се соочиме со историските прашања и да развиеме капацитет да си простиме
Премиерот Зоран Заев изрази жалење што неговото интервју за „Бгнес“ предизвика толку негативни емоции, кои вели дека ги разбира.
„Никој не ги прашал Бугарите на референдум за да можеме денеска цела Бугарија да ја квалификуваме како фашистичка“, рече Заев образложувајќи ги своите ставови од вчерашното интервју.
Тој наведе дека и во Македонија имало соработници на окупаторите.
„Во исто време имам обрска кон македонските граѓани да поттикнам придвижување кон решение. Треба да се соочиме со тие прашања од историјата и да развиеме капацитет за простување. Европските народи се договорија да не заборават, но да си простат“, рече Заев.
Тој вели дека во 1948 се заладиле односите во тогашна Југославија и Бугарија и постоела железна завеса. Премиерот заедничката историја со Бугарија ја гледа во тоа што, според него, во историјата имало луѓе што истовремено се чувствувале и како Македонци и како Бугари.
Заев за отсранувањето на спомен-плочите на кои пишува „бугарски фашистички окупатор“ вели дека тоа е во согласност со договорот за пријателство со Бугарија.
„На некои од плочите каде што пишувало бугарска фашистичка рака и бугарски фашистички куршум е оставено фашистички куршум, фашистичка рака, затоа велиме да не заборавиме, но преку простувањето да внимаваме. Тоа е направено на целата територија на државата, на многу места, најголем дел надлежни се самите општини“, рече Заев.
„Дајте да живееме денес, време е денес да создаваме историја, историја што обезбедува иднина за младите генерации“, повика Заев.
„Не знам дали ќе помогне интервјуто, сакам да му помогнам на мојот македонски народ“, одговори Заев на прашањето дали интервјуто ќе помогне или одмогне во прговорите со Бугарија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

