Македонија
Заев: Добро е што сите сме заедно кога е во прашање заштита на здравјето на граѓаните
По средбата меѓу сите лидери на политичките партии, претседателот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека неговата партија наместо митинзи, кампањата ќе ја води преку социјалните мрежи, медиумите, преку вклучувања во живо. Тој кажа дека најважно е здравјето на граѓаните, а мерките мора сите да ги почитуваат. На средбата не се разговарало за одложување на изборите, рече Заев, потенцирајќи дека е несериозно да се разговара за тоа прашање 30 дена пред одржувањето.
„СДСМ веќе се обидува да има други начини за компензација на големите митинзи и јавни настани. Преку интернет-порталите, ‘Фејсбук’, лајв-стриминзи и вас, медиумите,ќе биде кампањата. Сè друго е од секундарно значење, најважно е здравјето на граѓаните. Не се зборуваше за изборите. Она што можам да го кажам е дека несериозно и неодговорно уште сега да разговараме дали по 30 дена ќе се одложат изборите. Мерките се до 24 март, два дена до кампањата. Несериозно е од сега да се зборува за тоа, ќе видиме какви ќе бидат информациите тогаш“, рече Заев.
Средбата со лидерите на другите партии ја оцени како конструктивна на која се разговарало за решенија на институциите за справување со коронавирусот.
„Добро е што сите сме заедно кога во прашање е заштита на здравјето на граѓантие. Тоа е највисок приоритет на сите институции и сите политички субјекти. На сила се сите мерки. Утврдивме дека начинот на водење на предизборната кампања ќе биде согласно препораките на Министерството за здравство и владините институции. Овие мерки се за справуавње со ситуацијата. Имаме должност сите да ги почитуваме. Апелирам до сите политички партии да не мрднеме ни милиметар од препораките. Уверен сум дека заедно оваа состојба ќе биде набрзо надмината“, додаде Заев.
Прашан дали ќе понесе оставка ако СДСМ изгуби на претстојните избори, Заев кажа дека сите релевантни анкети и впечатоци кажуваат дека тие ќе ја понесат победата и ќе ја добијат довербата од граѓаните.
„Јас немам ништо ново да кажам, СДСМ ќе победи. Коалицијата е најбројна, најразнолика. Напротив, сите релевантни анкети покажуваат дека ние водиме. Да ги оставиме граѓаните да ја донесат одлуката. Изборите се најрелеванта анкета. Не помислуваме на други алтернативи, убедени сме согласно сите впечатоци и аналити дека граѓаните ќе ни дадат повторно да ја водиме власта“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

