Македонија
Заев до швајцарската амбасадорка Техада: Продолжуваме со реализација на заеднички проекти за економски просперитет

Претседателот на Владата, Зоран Заев, имаше средба со амбасадорката на Швајцарија во нашата земја, Сибил Зутер Техада.
На средбата се разговараше на повеќе актуелни теми, како политичката состојба во државата, по одржувањето на парламентарните избори, при што беше оценето дека тие беа одржани во демократска атмосфера и граѓаните покажаа висока политичка култура изјаснувајќи се за остварување на главните приоритети – НАТО и Европската Унија.
Беше оценето дека со демократски одржаните избори беше испратена позитивна порака на регионално ниво и Владата и во наредниот четиригодишен мандат ќе продолжи кон подобрување на економската состојба на граѓаните и модернизирање на државата.
Премиерот Заев и швајцарската амбасадорка Техада ја оценија билатералната соработка меѓу двете земји како извонредна изразувајќи заедничка подготвеност да продолжи реализацијата на заедничките проекти, со уште поголеми резултати од интерес на граѓаните и просперитетот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски на презентација на новата воена опрема од САД во касарната во Штип

Денеска во 10:00 часот, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на презентација на новопристигнатата опрема од САД во Касарна „Јане Сандански“ во Општина Штип.
Станува збор за 29 лесни оклопни возила – JLTV.
фото:илустрација/принтскрин
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска поради промена на два затворачи на водоводна мрежа со пречник од ф-300мм, на крстосницата од улиците Париска/Букурешка, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Париска, дел од улица Хелсинки и дел од улица Прашка, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Карпош, Кисела Вода и Ѓорче Петров денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од објектите во околината на куќниот бр. 65 на ул. Влае. (Општина Карпош)
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од делови од улиците: Виктор Иванович Григоревич и Полог. (Општина Кисела Вода)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Кучково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 12:00 до 17:00 часот, корисниците од ул. 1519 и ул. Борис Трајковски крак – 34. (Општина Кисела Вода)