Македонија
(Видео) Заев за Боки 13: Можеш да бидеш газда на провладин медиум, но ако си се огрешил пред законот ќе одговараш
Иако добил порака, експремиерот Зоран Заев во април лани не се сретнал со Бојан Јовановки, првообвинет во случајот „Рекет“. Комуникацијата беше покажана денеска во судот во рамки на доказната постапка во случајот „Рекет“.
„Човекот пушти порака, но немаше средба. До мене веќе дошле информациите и тоа е индиција за сериозен криминал. Како ретко кој случај во Европа јас го пријавив случајот, како вршител на една од најмоќните функции во државата сум создал простор кај институциите и Обвинителството да работат независно. Некои викаат Господ те штител, не, или си таков или не си таков“, рече Заев.
Од говорницата во СДСМ Заев порача дека Бојан Јовановски, познат на јавноста како Боки 13, треба да одговара.
„Можеш да бидеш газда на провладин медиум, можеш да ме величаш колку сакаш, си се огрешил пред закон – има да одговараш“, рече Заев.
Со пријавата на случајот Заев вели дека дал можност да фунцкионира правната држава, за разлика од Никола Груевски.
„Кога зборувавме за милијарди, слушнавте ли тогаш Никола Груевски да пријави некој случај? Има разлика. Премиер може да забошоти ако сака или да покаже како треба да функционира државата. Прашањето е како постапува државата кога ќе се случат вакви случаи Тоа е разликата дали сме европска земја или припаѓаме на минатото“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

