Македонија
(Видео) Заев: За една изборна единица ќе се одлучува до 12 февруари
За една изборна единица може да се одлучува до 12 февруари, односно 60 дена пред изборите додека работи парламентот, изјави премиерот Зоран Заев по завршувањето на седницата на Централниот одбор на СДСМ.
Тој рече дека партијата не се откажува од ова прашање и дека истото ќе биде отворено уште утре.
„Утре имам средба со лидерот на опозицијата Мицкоски и ќе го отворам и тоа прашање доколку тој сака за тоа да разговараме. Имам одредени идеи кои сакам да ги предложам ќе ги ставиме на маса, па можеби и ќе најдеме разбирање. Во игра се и оние предлози што тие ги споменуваа како што е шпицен кандидат, спремен сум да преговарам, па можеби ќе се договориме нешто“, изјави Заев.
Тој рече и дека разговарале и со ДУИ за амандманите, дошле до заклучок дека имаат несогасувања во однос на оваа прашање и додека дека се надева дека во иднина нема да има такви случаи. Сепак посочи дека амандманите прва ги поднела опозцијата со намера да ги блокира законите.
„ДУИ поднесе 1.200 на албански јазик и уште 300 на македонски јазик, а горчината наша беше зошто ВМРО-ДПМНЕ веќе имаше поднесено илјадници амандмани. Затоа јас уште еднаш повторувам спремен сум да преговарам со ВМРО-ДПМНЕ, има време да се донесе законот, Собранието ќе работи уште 60 дена по формирањето на техничката влада, а знаете дека за една изборна единица има поддршка од 65 пратеници“, додаде Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одронот е исчистен, сообраќајот на автопатот Скопје – Велес се одвива нормално
Во 20:38 часот на патниот правец Скопје-Велес, тунел Бадар, одронот е исчистен и сообраќајот се одвива нормално, информира АМСМ.
Претходно, од таму информираа дека сообраќајот се одвива по една лента поради одрон во тунелот.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за домашен притвор на Груби е на обвинителството со 2 отсто доверба
Правда мора да има и таа мора да биде неселективна и конечна. Одлуката за домашен притвор е на обвинителството. Истото она со 2 посто доверба и за кое СДС се бореше да биде несменето до последниот здив. Сите забелешки може да ги испратат до таа адреса, и до омилените на Венко обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по одлуката на скопското обвинителството да побара замена на мерката притвор со куќен притвор за Артан Груби.
„СДС треба да се договори со себе бидејќи се исклучително недоследни. Изутрина тврдат дека ДУИ одработува за ВМРО-ДПМНЕ, а сега дека е обратно. А всушност СДС се вистински во паника затоа што нивниот криминоген другар Артан Груби може да проговори за сите ортачки криминали на владите на Зоран и Вице, на Венко и Ковачевски, за бизнисите на Зечевиќ. Зошто врхушката на СДС денес заседаваше и “вртеше” телефони интересирајќи се за исказот на Артан Груби во обвинителство. Ова е и причината зошто СДС во случајот со Груби се однесува по логиката иста на онаа: “лопов вели држете го лоповот”. Црната кутија за криминалите на СДС и ДУИ падна. Прашање на време е кога “исплашените” од СДС ќе му прават на судските клупи друштво на Артан Груби“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Куќниот притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ
Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, сметаат од СДСМ. Според партијата, затоа судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
„Дилот ВМРО–ДУИ се спроведува пред очите на јавноста. Прво со договореното враќање и режираното снимање на граничниот премин. Не работеа камерите кога Груби си замина преку граница, слободно, со пасош, иако бил на стоп-листата. Но, за договореното враќање на Груби камери има на секој чекор – од граница, пречек, па сè до Обвинителството и Судот. Потоа следуваше веќе подготвената кампања по медиумите под контрола на Орбан, а сега и одлуките за куќен притвор. Ако некој еднаш избегал од државата, зошто му се одредува куќен притвор?“, прашуваат од СДСМ.
Од таму велат дека ништо не е случајно и останува само да видиме која е цената.
„Пеш преминал преку граница и побегнал. А бил на стоп-листа. Сега, после 14 месеци бегство – се враќа и му се одредува куќен притвор. На кого уште не му е јасно ова сценарио? Ништо не е случајно. Ова е дел од договорот меѓу ДУИ и ВМРО-ОКГ. Останува само да видиме која е цената“, велат од СДСМ.

