Македонија
Заев за Каевски: Тој навистина не е должен да го провери целиот материјал

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во врска со скандалот за збирката поезија изјави дека директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, не е должен да ја прочита целата содржина.
„И како градоначалник и како комерцијален директор финансиски помагав објавување книги. Не сум ги прочитал сите книги, и од таа причина не сум човек кој веднаш разрешува луѓе“, изјави Заев и додаде дека Каевски е добар кадар, кој покажал одлични резултати.
Премиерот истакна дека денеска ќе се сретне со директорот на Агенцијата со цел да ги разгледа сите детали и заедно да донесат одлука.
Претходно Агенцијата за млади и спорт се огради од содржина на збирката поезија. Оттаму соопштија дека во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, по што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста што ќе се преземат. Од содржината се огради и жири-комисијата, коментирајќи дека никој од нив не бил консултиран кои песни да влезат во изборот за книгата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Новиот министер за хаосот со паркингот на Клинички: Имаме идеи, сè уште немаме решение

Краткорочно имаме идеи, сè уште немаме решение, но работиме на тоа и веруваме дека за кратко време ќе бидете известени, изјави новиот министер за здравство, Азир Алиу, за хаосот со паркингот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.
Тој рече дека паркингот не е ниту мапиран, односно не се знае ниту колку паркинг места има.
„Знаеме дека еден од главните инфраструктурни проблеми, освен зградите и внатре во Клинички е паркингот. За жал паркингот не е ни мапиран, ќе почнеме од базичните инфраструктурни чекори за да видиме колку паркинг места има, со длабока анализа ќе видиме колку пациенти има, колку вработени и ќе излеземе со краткорочно решение“, рече Алиу.
Долгороченото решение за паркингот, додаде тој, ќе зависи од долгорочното решение за Клиничкиот центар.
„Ќе мора да бидеме претпазливи, да не се инвестира во нешто што можеби утре нема да биде во функција“, рече Алиу.
Македонија
ДУИ: Етничка дискриминација во распределбата на проекти, Стоилковиќ ги брише Албанците, молчењето е соучесништво

„Демократската унија за интеграција реагира со длабока огорченост на скандалозниот начин на кој средствата се распределуваат на граѓанските здруженија од страна на Министерството за односи меѓу заедниците, на чело со вицепремиерот Иван Стоилковиќ“, велат од ДУИ.
„Според податоците објавени од медиумите, резултатите се следниве: 29 проекти за македонски здруженија, 5 проекти за српски здруженија, 3 проекти за ромски здруженија и само 3 проекти за албански здруженија.
Ова не е само неурамнотежена распределба, туку е намерна дискриминаторска политика. Албанците, кои претставуваат една од најголемите и најактивните заедници во земјата, систематски се бришат од списокот на корисници, дури и во министерство кое е задолжено за одржување на меѓуетничката рамнотежа и правичната застапеност.
Иван Стоилковиќ, со своите добро познати антиалбански позиции и врски со кругови надвор од државниот интерес на Република Северна Македонија, ја користи институцијата за поттикнување на поделба, исклучување и пропаганда, наместо да гради доверба меѓу заедниците.
ДУИ бара итна институционална ревизија за овој скандал со изразена етничка содржина; политичка и институционална одговорност за Стоилковиќ.
Институциите на оваа држава не се основа за промовирање камуфлирана етнократија. ДУИ нема да молчи пред практиките што го поткопуваат духот на Охридскиот договор и сериозно го кршат правото на Албанците на еднаква застапеност“, се наведува во соопштението на ДУИ.
Македонија
(Видео) СДСМ: Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство

„Тоа што Мицкоски пробува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија и тоа што на меѓународна сцена беше откриена таа негова намера не е „кодошење“ туку патриотизам“, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„ВМРО, НОБ и АСНОМ се генеза на борци против диктатура, авторитарни режими и врховисти. Да се биде авторитарен значи да се биде врховист, а никако патриот. Врховизмот во начинот на владеење на Мицкоски е најголемото предавство кое може еден Македонец да го направи. Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда. Тоа го чувствуваат и граѓаните“, одговори Кузеска на новинарско прашање.