Македонија
Заев за „Катимерини“: Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух
Премиерот Зоран Заев во нeделното издание за грчки „Катимерини“, во интервјуто со наслов „Заедно за Балкан од 21 век“, говори за европската перспектива, за грчката поддршка, Договорот од Преспа како и за соработката со сегашниот и поранешниот премиер на Грција.
Тој навраќајќи се на решението за деценискиот спор со името рече дека тоа прашање не се решава со булдожер дипломатија како што некои сметаа, или како што сугерираа.
![]()
„ Избравме да решаваме. Да го решиме прашањето за името на мојата земја. Да не одлагаме, да не калкулираме, да не си играме со јавноста и во нашата и во вашата земја, да не го трошиме времето на нашите пријатели, поддржувачи на процесот. Да му дадеме на регионот нов Балкан, Балкан на 21 век во кој минатото, сенките на историјата нема да се испречуваат како непремостливи пречки за заедничката европска иднина“, изјави Заев за „Катимерини“.
Заев додаде дека во еден таков амбиент постигнато е решението со Договорот од Преспа.
„ На достоинствен начин се заштитени достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на нашиот народ. Целиот демократски свет, сите наши заеднички пријатели, партнери и поддржувачи порачаа дека тој договор е чекорот што нé извлече од блокадите и минатото и ни ги отвори портите на иднината. Иднината што ни го обезбеди членството во НАТО, и иднината која нé доведе до препораката за безусловен старт на преговорите за членство во ЕУ“, додаде Заев.
Во поглед на евроинтеграциите премиерот Заев објаснува дека и покрај позитивните извештаи од Европската Комисија и покрај Договорот за добрососедство со Бугарија, сепак поради ветото од Софија, Северна Македонија не ги започна преговорите со ЕУ.
„ Во 21 век да ја одредуваш историјата на друга нација не е во согласност со европскиот дух, бидејќи треба заедно да градиме иднина. За Северна Македонија, за македонскиот народ, за сите граѓани на нашата земја, било каква интервенција во македонскиот идентитет е неприфатлива. Процесот трае веќе подолго време, не сакаме да запреме и нема да запреме, но нема да ги ставиме во опасност нашето достоинство и нашиот идентитет. Верувам дека ќе најдеме заеднички решенија со Бугарија и ќе изградиме квалитетна иднина за нас и за идните генерации“ , објаснува премиерот, потенцирајќи дека минатото не треба да се заборави, но „треба да се градат мостови на соработка меѓу сите балкански земји, бидејќи тоа е единствениот пат што води до успех”.
Премиерот Заев рече дека Грција останува „силен медијатор и поддржувач” на европскиот пат на нашата земја, нешто за што добил уверување и од грчкиот премиер.
Интервјуто на премиерот Заев за „Катимерини” е во пресрет на неговото учество на Економскиот форум Делфи, што од 10 до 15 мај ќе се одржи во Атина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

