Македонија
Заев за „Луксембургер Ворт“: Убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни
Јас останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година, рече премиерот Зоран Заев во интервју за луксембуршкиот портал и печатеното издание на „Луксембургер Ворт“, под наслов „На долгиот и бурен пат до ЕУ“.
„Кога станува збор за исполнување на критериумите за почеток на преговорите, ние сме пример дека ги исполнивме. Фактот дека тоа не се случи предизвика кај сите нас во Северна Македонија непријатно чувство. Јас сепак останувам оптимист и убеден сум дека со Бугарија ќе најдеме решение до јуни оваа година. Исто така имаме непоколебливи очекувања дека Брисел ќе го поттикне решението на ова прашање и ќе докаже дека нема да дозволи прашањата од историјата да бидат пречка за интересот на ЕУ за проширување и за иднината на нашата земја“, вели Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Карпош
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09:00 до 15:00 часот, дел од корисниците на ул. Струшка бр.7А (општина Карпош)
Македонија
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд пообилни во источните делови. На повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, претежно облачно, со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
До сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат денес (над 25 l/m² за 24 часа). Денеска на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а во некои од повисоките места ќе бидат од дожд и снег. Од денеска ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради промена на вентил во шахта од Ф-6/4 (во објект на Министерство за Одбрана) на ул.1732 бр.32 во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат, Собрание на град Скопје, општина Центар, Ноќен клуб Маракана и Сити Хотел од 09:00 часот до завршување со активностите. (oпштина Центар)
· поради промена на вентил во шахта од Ф-2“на ул.Македонија бб (кај Хотел Буши) во општина Центар, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од ул. Македонија (односно потегот од ул. Даме Груев до Рекорд), од 10:30 часот до завршување со активностите. (општина Центар)

