Македонија
Заев и Ахмети ги почнуваат разговорите за консензуален претседателски кандидат
Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, денеска во Клубот на пратениците треба да одржат средба во врска со претстојните претседатели избори и можноста за настап со заеднички консензуален кандидат.
Во интервју за РТК по повод 11-годишнината од независноста на Косово, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, зборуваше и за претседателските избори во земјата, истакнувајќи дека тој ја испружил раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но, за жал, двете опозициски партии го одбија.
„Сега, јас ја испружив раката, но албанските опозициски политички партии излегоа со многу навредувачки ставови и не ја прифатија испружената рака, мене ми е жал за ова. В понеделник ќе има средба на коалициските партнери. Ние стоиме на нашиот принцип за претседател на државата со договор помеѓу страните кои имаат легитимитет, значи на албанската и македонската страна. Има волја да се постигне договор, но ова зависи од страните што ќе се сретнат в понеделник”, истакна Ахмети.
СДСМ и калициските партнери на синоќешната средба постигнале согласност за заеднички кандидат за претседател, ,,во интерес на сите граѓани”. Како што соопшти партијата, ПЗаев, во име на коалицијата, ќе ги продолжи консултациите со партиите од албанскиот блок во владината коалиција, како и со други парламентарни и вонпарламентарни партии, од власта и опозицијата, околу можностите да се дојде до заеднички кандидат за претседател на државата, кандидат за кој што ќе застанат граѓаните.
Конкурсот на СДСМ за пријавување кандидати за претседател на државата завршува утре. Конечната одлука кој ќе биде избран за претседателски кандидат од владејачката партија ќе биде донесена на партискиот конгрес на 3 март.
ВМРО-ДПМНЕ во саботата во Струга ја избра професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска-Давкова, за нивен претседателски кандидат. Претседателските избори ќе се одржат на 21 април годинава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

