Македонија
Заев и новоименуваната амбасадорка на Данска: сојузништвото во НАТО треба да поттикне и економска соработка
Претседателот на Владата, Зоран Заев, ја прими новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска во нашата земја, нејзината екселенција Сузан Шајн.
Toj ѝ го честита назначувањето на амбасадорката Шајн и ja реафирмира определбата на двете земји за интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес, со интензивирање на контактите на високо и највисоко ниво на претставници на државните врвови на Северна Македонија и Данска.
Претседателот на Владата ја информира амбасадорката Шајн за приоритетите на новоизбраниот владин состав, меѓу кои доминираат остварувањето на обврските на земјата како членка на НАТО, интензивните подготовки на рамката за преговори и за организирање на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како и справувањето со Ковид-19 и политиките за одржлив економски развој во услови на пандемија и подготовките за рестарт на економијата.
На средбата беше истакната одличната соработка меѓу двете земји во НАТО и беше нагласена заедничката согласност дека како придобивка од оваа соработка и сојузништвото во НАТО, Северна Македонија и Данска треба да ја поттикнат и економската соработка.
Во таа насока новоименуваната амбасадорка на Кралството Данска, Сузан Шајн, потенцира дека нејзина првична обврска е да подготви портфолио за можностите за инвестирање во Северна Македонија и да ги запознае компаниите во нејзината земја за да го поттикне интересот за инвестиции, особено откако со членството во НАТО земјата е стабилна и сигурна дестинација за странски вложувања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

