Македонија
Заев и Ципрас и официјално предложени за Нобеловата награда за мир за 2019
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, прими писмо од Уидед Бушамауи, добитничка на Нобеловата награда за мир во 2015 година, со кое го известува премиерот Заев дека и официјално испратила писмо до комитетот за Нобеловата награда за мир со номинација тој и грчкиот премиер Ципрас да бидат кандидати за оваа награда за 2019 година.
Во писмото, со изрази на најдлабоко почитување, нобеловката Бушамауи ја искажува својата убеденост дека договорот од Преспа претставува модел за мирно и конструктивно решавање на билатералните и мултилатералните недоразбирања меѓу соседните држави, кој може да служи како пример за целиот балкански регион и пошироко и дека ратификацијата на договорот во двете земји сведочи дека дијалогот, позитивната енергија, космополитизмот, духот на решителност, цврстата определба, како и чувството за добрососедство, се клуч за сите проблеми независно од притисоците на националистите од двете страни на границите.
„Во овој процес и во овој храбар и визионерски акт со кој се утврдуваат дијалогот, довербата и основата за една заедничка иднина на Република Северна Македонија и на Грција во рамките на меѓународните организации, вие, господине премиере Заев, како и господинот Ципрас, одигравте клучна улога. Во таа смисла си дозволувам да искажам големо почитување и восхит кон вас, двајцата лидери – големи градители на мирот на Балканот“, пишува нобеловката Бушамауи во писмото до премиерот Заев, со кое го известува дека него и премиерот Ципрас официјално ги предложила за кандидати за Нобеловата награда за мир за 2019 година.
Писмо со идентична содржина добитничката на Нобеловата награда за мир за 2015 година, Уидед Бушамауи, испратила и до грчкиот премиер Алексис Ципрас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот
На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента се, и испратени служба од ПС за БПС Велес, извести АМСМ.
Во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета повредени нема, сообраќајот се одвива по една коловозна лента, додаваат од АМСМ.
фото: архива
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, објектите на Дом за Малолетни Деликвенти. (општина Бутел)
Македонија
Непречен сообраќај низ државата, по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

