Македонија
Заев: Како секој затвореник и Кичеец има право да се лекува
Премиерот Зоран Заев вели дека Зоран Милески – Кичеец, кој беше еден од учесниците во стравотната сообраќајна несреќа во саботата на Стража на патот Маврово-Кичево, имал право, како и секој издржувач на затворска казна, да патува, да оди на викенд, да користи годишен одмор.
Заев денеска на обраќањето пред Пошта на Република Северна Македонија за време на промоцијата на новата поштенска марка по повод 30-годишнината од осамостојувањето, рече дека нема сознанија зошто Кичеец патувал во Скопје, но се заинтересирал за настанот и ја контактирал Управата за извршување санкции.
„За настанот дознав од медиумите. Прво сакам да изразам сочувство до семејството за загинатиот, а на повредените да им посакам побрзо закрепнување од оваа сообраќајка незгода. Разговарав со директорот на Управата за извршување санкции, и тој ме информираше дека Милески имал целосна документација за лекување. Тоа е право на секој затвореник, како што има право на годишен одмор, има право на викенд, така има право на лекување. За деталите ве упатувам на Управата за извршување санкции. Не знам зошто се упатил кон Скопје, можеби поради лекарска помош, треба да прашате во Управата“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

