Македонија
Заев: Курбан бајрам нé потсетува да ја негуваме солидарноста кон другите и почитта кон различностите
Премиерот Зоран Заев испрати писмо со честитки по повод празникот Курбан бајрам до сите верници на исламската вероисповед во Република Македонија.
Заев на сите припадници на исламската верска заедница им посакува среќни празнични денови, со срдечни желби празникот да помине во благослов, во добро расположение и во добро здравје.
„На сите припадници на Исламот, Курбан бајрам да им донесе мир, спокој и бериќет. Овој голем празник нé потсетува дека добрината треба да биде наша водилка. Нé потсетува дека во животот зад нас треба да оставиме длабоки траги на добрина кон сите во општеството и кон оние на кои им е најпотребна нашата помош“, наведува премиерот во својата честитка.
Во неа, Заев додадава дека деновите на Курбан бајрам се денови кога се потсетуваме на вредностите што празникот ги слави и возвишува, како што е помагањето и солидарноста со пријателите, со соседите, со сите коишто се околу нас.
„Празникот Курбан бајрам порачува и да ја негуваме добрината кон другиот, добрината кон различните. Тоа е порака водилка и за сите нас, граѓаните на Република Македонија, да продолжиме заеднички да ја зајакнуваме нашата општествена заедница како едно општество за сите, како единствен пат што води до наш заеднички дом, во кој секој граѓанин има еднакви услови за живот, среќа и реализација на сопствените амбиции“, истакнува во честитката по повод празникот премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

