Македонија
Заев – Лорингхофер: Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство на Македонија
Поддршка од НАТО за финалните чекори за членство и надеж дека Република Македонија ќе биде 30. земја членка на алијансата изрази помошник генералниот секретар на НАТО, Арнд Лорингхофер, кој денеска оствари средба со претседателот на Владата, Зоран Заев.
На средбата е констатирано е дека позитивните случувања во земјата се добра вест и за светот. Исто така, изразена е поддршка на насока на реформите и законската легислатива што се носи во делот на професионализација и ефикасност на безбедносните служби.
„Членството на Република Македонија во НАТО ќе има позитивен импакт за нашата земја, но и во целиот регион, затоа што носи стабилност. Тоа ќе влијае и на развој на економијата бидејќи инвеститорите пред сè тргнуваат од стабилноста кога одлучуваат каде ќе вложуваат. Веќе сме во сериозни контакти со светски познати компании коишто се заинтересирани за инвестирање во регионот и имаме позитивни сигнали дека во Република Македонија гледаат сериозни потенцијални можности, поради отворените НАТО-перспективи“, рече премиерот Заев.

Тој соопшти дека реформите во безбедносните служби се прават низ инклузивен процес во државата, но и според успешни модели од земјите членки на НАТО. Најави дека и во следните чекори, Владата тесно ќе соработува со замјите на НАТО во врска со заокружувањето на професионализацијата на безбедносниот сектор, затоа што целта на Република Македонија е да биде партнер за пример во НАТО.
Високиот претставник на НАТО, Лорингхофер, изрази благодарност за придонесот на нашата држава во мировните мисии и растечкото учество на војници на АРМ во мисиите во Авганистан.
На средбата е разговарано и поконкретно за актуелната безбедносна состојба во државата и во регионот. При тоа, премиерот Заев изрази благодарност до претставниците на НАТО за денешната средба, како и за континуираната поддршка што доаѓа од генералниот секретар на НАТО и од земјите членки за Република Македонија, а коишто ги оцени како значајно охрабрување за институциите, правосудниот систем, администрацијата, медиумите, граѓаните, дека државата се движи во вистинската насока.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Потпишан Меморандум со највисоко рангираните универзитети во Македонија за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, објави Ѓорѓиевски
Градоначалникот на Град Скопје, заедно со највисоко рангираните универзитети во Македонија потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“, со што академската заедница официјално се вклучува како активен и рамноправен партнер во овој значаен европски културен процес, информираат од Град Скопје.
Со Меморандумот се потврдува јасната европска ориентација на универзитетите и нивната улога како двигатели на знаење, креативност и иновации, како и нивната општествена одговорност во развојот на заедницата. Вклучувањето во „Скопје 2028“ отвора можности за интеграција на културата во наставните и истражувачките програми, поттикнување на студентската креативност и младинскиот ангажман, развој на интердисциплинарни и меѓународни партнерства и зголемување на академската видливост на европско ниво.
Академската заедница останува посветена на активна, професионална и визионерска улога во реализацијата на „Скопје 2028“, со цел зајакнување на европските вредности, продлабочување на интеркултурниот дијалог и создавање одржлива, солидарна и креативна иднина за Скопје и Македонија.
Македонија
Сиљановска-Давкова: „Извозот на мозоци“ остава длабоки лузни, најдобрите си заминуваат поради недостиг на правдата при вработувањето и напредувањето
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска -Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), спроведен во рамките на програмата на ЕУ за истражување и иновации Хоризонт Европа (HORIZON Europe). Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, како национален координатор на истиот.
Во своето воведно излагање, таа истакна дека одливот на младите високообразовани и компетитивни македонски кадри е една од најголемите закани за македонскиот општествен развој, со сериозни демографски, економски, политички, научни и културни последици.
Според неа, со сè помалубројна и послаба епистемолошка заедница (професори, истражувачи, новинари-аналитичари, културни дејци), тешко е да се креираат добри политики во различни области.
Најдобрите си заминуваат во потрага по подобар живот, но и заради недостиг на меритократија (потценето знаење, талент, вештина и креативност), како и отсуството на владеење на правото и правдата при вработувањето и напредувањето, смета таа.
За неа, напливот на високообразовни институции со сомнителен квалитет, како и партизацијата и непотизмот, продуцираат некритична и послушна ,,интелигенција”.
Таа истакна дека борбата со егзодусот на најдобрите треба да почне со реформи во основното и средно образование, преиспитување на високообразовната мрежа и заострени критериуми при избор и кариера.
На крајот, претседателката укажа на потребата од воведување дуално образование во сите степени, преиспитување на преоптоварената високообразовна мрежа, организирање заеднички студии и проекти со други универзитети, ангажирање на македонските умови од дијаспората со помош на вештачката интелигенција и дигитализација.
Македонија
СДСМ: Македонија сака во ЕУ а ВМРО изолација
Македонските граѓани во големо мнозинство, над 70% сакаат членство во ЕУ. Додека Мицкоски и ВМРО намерно ја туркаат земјата кон изолација, далеку од ЕУ, истакнуваат од СДСМ.
„Известувачот за Македонија, Томас Вајс денеска изјави дека мора да се исполнат реформи и условот со уставни измени за да продолжи европскиот пат на земјата, при презентирањето на нацрт-извештајот за 2025 година.
Евроамбасадороот Михалис Рокас вчера беше дециден дека нема членство во ЕУ без право на глас и без право на вето.
Со ова, приказните на Мицкоски се разобличени целосно.
Исто како и празната националистичка реторика која веќе не поминува“.
Граѓаните, додаваат од СДСМ, го гледаат Мицкоски седнат во авион како се лукзуора на нивна сметка, со скапи часовници од 60.000 евра, со тендери како томбола за бизнис.
Тоа, како што оценуваат, е личен финаниски патриотизам.
„Зборува за меко ткиво а не знае дека и мозокот е меко ткиво.
Мицкоски, граѓаните имаат мозок“.

