Македонија
Заев: Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност, темел на идентитетот
Петседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка за 5 Мај – Денот на македонската азбука.
Честитката ја пренесуваме во целост:
„Почитувани граѓани,
„Јазикот е нашата најкомплетна татковина“ ќе рече македонскиот великан Блаже Конески.
Македонскиот јазик е еден од клучните кодови на нашата посебност и самобитност, темел на македонскиот идентитет.
Горд сум што денеска, кога го празнуваме Денот на македонскиот јазик, 5 Мај, можеме да кажеме дека го сочувавме аманетот на нашите предци.
Македонскиот јазик е реалност, признаен од целиот свет, впишан во картата на јазиците и во нашата карта во Обединетите нации.
На овој ден во 1945 година азбуката на македонскиот јазик е усвоена како официјално писмо, а денес нашиот, македонски јазик е признаен и потврден.
На тој јазик комуницираме во своја, независна и слободна држава, но на тој јазик комуницираме и со нашите пријатели ширум светот. Гордо и достоинствено.
Оддавам признание пред наследството на светите браќа Кирил и Методиј, пред творештвото на Крсте Петков Мисирков и преродбениците, пред делата на Блаже Конески и пред кодификаторите на современиот македонски литературен јазик.
Благодарение на нивната посветеност, денес македонскиот јазик е дел од светското јазично богатство.
Упатувам огромна благодарност до лингвистите и македонистите кои неуморно работат на збогатување и унапредување на македонскиот литературен јазик, но и на зачувување на дијалектите, како неговата посебност.
Оддаваме почит кон нашето славно минато, но даваме и збор пред нашата сегашност.
Продолжуваме да го негуваме и да ја унапредуваме употребата на македонскиот јазик.
Пред една година Владата на СДСМ го прогласи денешниот ден за Ден на македонскиот јазик, тргнувајќи од потребата за што поголема грижа за нашиот мајчин јазик.
Афирмацијата и унапредување на македонскиот јазик, како официјален јазик на нашата татковина е наша водилка.
Да живее македонскиот јазик, да живее нашата татковина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

