Македонија
Заев на средба со Гутереш: Северна Македонија е синоним за победничките можности на дипломатијата и дијалогот
Претседателот на Владата, Зоран Заев, во придружба на министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, како дел од агендата на македонската владина делегација на 74-тото Генерално собрание на ОН.
На средбата Заев ја потврди заложбата за ефективен мултилатерализам и за јакнење на улогата на Обединетите нации во решавањето на сложените глобални предизвици и во таа насока беше изразена поддршката за реформскиот процес инициран од генералниот секретар, чиј фокус е ставен на превенцијата на конфликтот, одржливиот развој и реформите во управувањето.
Во разговорот премиерот Заев се заблагодари за поддршката на агенциите на ОН во нашата агенда во процесот на спроведувањето на реформите и го информира генералниот секретар на ОН за актуелната состојба и за најавите за почеток на преговорите за членство во ЕУ, како и за процесот на финализација на протоколот за пристапување во полноправно членство во НАТО.
Посебна благодарност на средбата беше изразена за признанието за важноста на преспанскиот договор во годишниот извештај на генералниот секретар на ОН, Гутереш, кој беше оценет како резултат на победата на дипломатијата и дијалогот и како пример дека споровите може да се решаваат врз основа на партнерство и пријателство во име на заедничкиот интерес за просперитет на народите.
Генералниот секретар на ОН, Гутереш, на средбата истакна дека се восхитува за договорот од Преспа и го оцени како историски успех со кој треба да се гордееме и кој отвора можности за напредок на земјата и дека договорот беше важен чекор за скорешното членство во НАТО и за позитивната одлука на ЕУ за датум за почеток на преговорите, која се очекува во октомври.
Генералниот секретар покажа интерес и за концептот едно општество за сите и изрази поддршка за политиките на кохезија во неговото остварување и се заблагодари за позитивната улога на Северна Македонија во активностите на ОН, за поддршката на неговите иницијативи, како и за посветеноста на агендата 2030 за целите за одржлив развој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

