Македонија
Заев на средба со Перкс од УНИЦЕФ: Владата спроведува политики фокусирани на децата и младите
Претседателот на Владата, Зоран Заев, се сретна со Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ и вршител на должноста постојан координатор на Обединетите нации во земјава, кој го завршува својот мандат.
На средбата се поздравени заложбите и ефективните политики на Владата во делот на заштитата и унапредувањето на правата на децата и младите, посебно во делот на социјалните политики и образованието. Нашата држава, при тоа, е посочена како пример за успешно спроведување на проектот за деинституционализација, со што децата од социјалните институции се сместуваат во згрижувачки семејства.
Премиерот Заев рече дека УНИЦЕФ е важен партнер на Владата во спроведувањето на овој проект и на други проекти во областа на социјалните политики. Претседателот на Владата, Заев, се заблагодари посебно за личните заложби на претставникот на УНИЦЕФ и постојан координатор на ОН во нашата држава, Перкс, за искреното пријателство кон граѓаните на нашата земја и грижата за напредокот на државава, што резултира со конкретни резултати.
„Од голема важност е поддршката од УНИЦЕФ во реализацијата на клучните приoритети на Владата во областа на социјалната заштита и образованието, како што е проектот за деинституционализација. Како Влада фокусирани сме кон креирање општество фокусирано на потребите на децата и на младите луѓе. Вложувањата во правилен раст и развој и насочувањето на децата и младите според нивните можности и интереси, уште од раното детство, значи вложување во здрави и мотивирани луѓе кои ќе придонесуваат на пазарот на трудот и ќе бидат конкурентни и оспособени за живот“, рече премиерот Заев.
Тој информираше за чекорите што се преземаат за поголема активност на децата и младите во областа на спортот, за промовирање на концептот едно општество за сите, низ заедничките спортски и културни активности на децата од различни средини на живеење, за заложбите што се прават да се овозможат услови за работа на младите луѓе кои не се заинтересирани за факултетско образование, со што ќе се придонесе и во обезбедувањето квалификувана работна сила според пазарните потреби. Исто така е нагласена определбата на Владата, со стабилизацијата на буџетот, за продолжување на трендот на зголемување на платите на воспитниот и наставниот кадар во градинките и училиштата, како и во условите за развој и учење на децата и на младите луѓе.
„Имаме постабилен буџет и повеќе пари ќе насочиме кон потребите за децата и за младите луѓе“, рече премиерот Заев.
На средбата е заеднички констатирано дека со ваквите системски политики добиваат децата и младите луѓе, но и целото општество, кое што преку системот на приоритети и заштеди генерира напредок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката
Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион.
„Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички партии во Собранието, како од власта, така и од опозицијата, граѓанското општество и македонските граѓани, независно од нивните разлики. Нашиот клучен стратешки проект е европската интеграција и истата останува да биде темел за градењето на консензус помеѓу различните чинители во општеството. Потенцирам дека под мое водство нашата надворешна политика ќе продолжи да биде целосно усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија. Со нетпрение очекувам да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион“, се наведува во соопштенеито испратено од тимот на Гордана Силјановска Давкова.
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеи.
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
Македонија
(Видео) Стоилковски го поздрави лидерот на ДУИ јадејќи бисквита: „Поздрав, Али“
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, на социјалните мрежи објави видео во кое, јадејќи бисквита го поздрави лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
Стоилковски вели дека оди на состанок со коалициските партнери на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа зема бисквита и почнува да ја јаде.
„Поздрав, Али“ , вели Стоилковски.
Стоилковски алудира на изјавата на Ахмети која тој ја даде од митингот на „Европскиот фронт“ во Скопје пред одржувањето на првиот круг од претседателските избори кога рече оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е израснат со бисквити и гурабии.
Македонија
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија, парламентот и владата за да работиме на европскиот пат
Европската унија и честита на Гордана Силјановска Давкова за нејзината победа на претседателските избори во Македонија и со нетрпение очекува да работи со првата жена лидер во земјата, изјавија високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жозеп Борел и европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархељи
Борел и Вархеи, во заедничката изјава објавена по повод вториот круг од претседателските и редовните парламентарни избори во Северна Македонија, ги охрабрија „релевантните политички актери да работат на формирање парламент и стабилна влада“.
„Двете институции треба да работат заедно на подобрување на европскиот пат на Северна Македонија, кој вклучува имплементација на клучните реформи, особено во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата, во интерес на сите нејзини граѓани“, се вели во заедничката изјава на Борел и Вархеи.