Македонија
Заев на средба со турски невладини организации: Целта на пописот е да бидат опфатени сите
Премиерот Зоран Заев оствари средба со делегација на Сојузот на турски невладини организации „МАТУСИТЕБ“, предводена од претседателот на Сојузот Хустрев Емин, придружуван од Тахсин Ибрахим и проф. д-р Сулејман Баки.
Состанокот, како што информираат од кабинетот на Заев, бил посветен на пописот на населението, домаќинствата и становите, активностите поврзани со негова реализација, како и важноста на правичната застапеност.
Претставниците на „МАТУСИТЕБ“ ја потенцирале важноста на пописот и податоците кои ќе се добијат, како основа за креирање на идните политики на нашата држава.
Како мрежа на повеќе од 60 невладини организации, тие се залагаат за попис којшто ќе ја покаже реалната слика за населението кое живее во Северна Македонија.
Побарале рамноправна застапеност во целиот процес на подготовка на пописот којашто следи во наредниот период и информирале дека тие како организации продолжуваат со работа на терен, информирање на граѓаните за важноста од спроведување на пописот, и попишување на сите граѓани онака како се чувствуваат без уцени и притисоци.
Премиерот Заев уште еднаш ја потврдил заложбата на Владата за правична застапеност на сите заедници кои живеат тука.
„Целта е да се попишат сите, секој еден е важен и треба да бидеме сигурни дека на крајот на пописот ќе ја имаме реалната слика“, рече премиерот Заев.
Тој се осврнал и на богатството на нашата држава кое се состои од големиот број на етнички заедници, а турскиот народ според него е мостот кој ги поврзува двете држави, Северна Македонија и Турција, додаваат од владините служби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

