Македонија
Заев на средба со холандскиот амбасадор: Владеење на правото и борба против корупцијата се приоритети на новата Влада
Премиерот Зоран Заев денеска беше домаќин на холандскиот амбасадор, Дирк Јан Коп.
Како што информираат од владината прес-служба, на средбата било оценето дека добрососедските односи се вредност и за нашата земја и за регионот и дека постои релаксирачка клима во државата за посветена работа на внатрешен план.
Посочено било и дека во наредниот период треба да се посвети посебно внимание на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.
Заев објаснил дека Владата е силно посветена на овие приоритети.
„Сега е време за резултати на планот на економијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата. Решени сме да воспоставиме функционална правда за ефикасна борба со криминалот и корупцијата и за развој на економијата. По решавањето на билатералните прашања со соседите, како што покажа и средбата во Атина, отворивме шанси за поинтензивна економска соработка и на регионално ниво, што ќе донесе економски бенефити за граѓаните на нашите држави“, рекол премиерот.
На состанокот било разговарано и за можностите за помош и поддршка од Холандија во важните области во евроинтеграцискиот процес, како и за интензивирање на билатералната соработка во областа на економијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

