Македонија
Заев на средба со Шидер: Изразени очекувања од сите политички субјекти за ефикасен Парламент

Премиерот Зоран Заев се сретна со Андреас Шидер, пратеник во Европскиот парламент од Република Австрија.
На состанокот се поздравени политиките на дијалог и е констатирано дека е потребно сите политички субјекти да овозможат ефикасност на Парламентот со цел реализација на реформските процеси важни за европските интеграции, како и решавање на потребите на граѓаните во здравството, економијата и други важни области, се истакнува во соопштението од владиниот кабинет.
Премиерот Заев информирал дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење.
Претседателот на Владата, Зоран Заев, изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската Унија и до Република Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации на Република Северна Македонија, велат од владиниот кабинет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Македонија е тажна приказна, а Црна Гора е најблислку до членство во ЕУ, рече Марта Кос

Црна Гора останува најверојатниот кандидат од регионот на Западен Балкан кој може да стане нова членка на Европската унија за време на мандатот на сегашната Европска комисија, а по неа е Албанија, додека Северна Македонија е тажна приказна, изјави комесарот за проширување Марта Кос.
Кос во интервју за Радио Слободна Европа (РСЕ) појасни дека би било неуспех доколку ниту една нова земја не стане членка на ЕУ, а таа е сигурна дека тоа може да се направи.
„Можеме да го направиме тоа со Црна Гора. Сите поглавја се отворени, затоа ги затвораме за да можеме да го завршиме процесот на крајот на 2026 година од технички аспект“, рече Кос.
Таа предвиде завршување на преговорите со Албанија за 2027 година, но посочи дека е важно двете земји да продолжат со спроведувањето на реформите покрај завршувањето на техничкиот дел од пристапниот процес, бидејќи од тоа на крајот ќе зависи и одлуката дали една земја може да стане членка на ЕУ.
Таа не ја исклучи можноста Молдавија, па дури и Украина да станат дел од овој процес, па смета дека до 2029 година ЕУ би можела да има повеќе од две нови членки.
Таа имаше предупредувачки зборови за Србија, велејќи дека властите во земјата сега треба да докажат дека навистина се за европскиот пат, а потврди дека во Брисел со симпатии гледаат кон студентите кои протестираат барајќи реформи.
„Она што демонстрантите го бараат од српската влада е истото што Европската комисија го бара од Србија во преговарачкиот процес. Тоа се владеење на правото, борбата против корупцијата, јавните набавки, медиумското законодавство, изборното законодавство“, рече Кос.
Во однос на Косово, Европската комисија сега очекува формирање нова влада на прво место за да знае со кого ќе преговара, а Северна Македонија ја опиша како тажна приказна со оглед на тоа колку долго таа земја го чека преговарачкиот процес. Коментирајќи ја ситуацијата во Босна и Херцеговина, Кос рече дека во услови кога политичарите го напаѓаат уставниот поредок на таа земја, тешко е да се отворат преговори.
Македонија
ОПМ: Треба алатка за споредување на цените на производите за граѓаните да знаат каде може да ги купат поевтино, објавените списоци не се доволни

По објавувањето на списоците со цени на сите производи во маркетите, неопходно е да се направи нова алатка, која на потрошувачите ќе им овозможи да ги споредуваат цените на исти производи во разни маркети за да откријат каде им е најевтино да пазаруваат. Ваков став има претседателката на Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ), Маријана Лончар-Велкова. Кај нив засега нема поплаки од граѓани за непрегледно објавените цени на производите во маркетите, но сметаа дека начинот на кој цените на производите сега се објавени е збунувачки.
„Ако некој има намера да купи пет или шест производи, треба во сите тие списоци на производи што ги објавуваат да ги бара баш тие, да оди од маркет во маркет онлајн за да може да ги најде. Кога би имале една компаративна алатка, тоа би одело многу бргу. Сега со вештачката интелигенција би можело и побргу да се развие, да биде онлајн и да биде унифицирано. Сега не е унифицирано. Немаме по групи на производи, па по видови и така натаму, никаде не е исто и луѓето немаат ни време ни можност да споредуваат. Инаку, идејата е добра, ама треба таа идеја уште да се разработи. Кај нас има проблем што идеите ќе се дадат, сè ќе биде добро, меѓутоа не се развиваат, ова не е готово, ова е само почеток. Треба да се направи една алатка за компаративна споредба на производите каде може да се купат поевтино, а трговците да имаат меѓусебна конкуренција“, рече Лончар-Велкова одговарајќи на новинарски прашања за време на експертскиот форум во рамките на проектот „Јакнење на правата на потрошувачите во финансиските услуги“.
Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, засега не може да каже дали објавените цени се прегледни или не и најави дека тоа ќе го сублимираат еден месец по имплементацијата на законската обврска за објава на цените на производите.
„Можеби ќе одиме на една генерална и општа веб-страница, која ќе биде понудена понатаму, или збирна информација, која ќе дава подобри резултати за да може граѓаните транспарентно да ги контролираат цените онаму каде што ќе купуваат“, рече заменик-министерот Ристески.
Трговците добија законска обврска на веб-страниците да ги обавуваат цените на сите производи што ги нудат од 18 април оваа година, а мерката ја предложи лично премиерот Христијан Мицкоски за да се заузда неконтролираниот раст на цените.
Македонија
За 1 мај локален краткотраен дожд

Времето за 1 мај, четврток, ќе биде претежно сончево со услови за краткотраен локален дожд и грмежи, информира УХРМ.
Утре ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност.
Во четврток попладне и во петок ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Ќе дува умерен северен ветер. Во деновите од викендот ќе биде стабилно, сончево и топло со мала до умерена облачност, а од почетокот на следната седмица се очекуваат повремени
врнежи од дожд и појава на грмежи.