Македонија
Заев на „Фејсбук“: Радувај се Македонијо!

Радувај се Македонијо! Портите за нашето полноправно членство во НАТО се отворени. Ова го напиша првиот човек на Владата на својот фејсбук-профил, по поканата од алијансата за почеток на преговорите со Македонија.
„Нашите партнери и пријатели денеска ни оддадоа признание. Препознаена е силната посветеност, исполнети се сите критериуми. Денес е голем, историски ден за Република Македонија. Ветувам дека ќе донесеме уште добри вести и во периодот пред нас, во интерес на сите граѓани на нашата земја.
По тој повод, во овој момент гостувам како говорник на конференцијата NATO ENGAGES во рамки на Самитот во Брисел“, напиша Заев.
Претходно, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја потврди поканата за Македонија, но го повтори ставот дека нашата земја ќе стане 30. членка по целосното исполнување на договорот со Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.