Македонија
Заев: Нема одлагање на изборите, на 3 јануари ќе ја поднесам оставката
Премиерот Зоран Заев потврди дека ќе има избори на 12 април, откако вечерва раководството на СДСМ одлучи министерот Оливер Спасовски да биде технички премиер до одржувањето на изборите.
Заев најави дека на трети јануари ќе ја депонира својата оставка, по што му се отстапува место на техничкиот премиер да ја достави листата на министри за формирање на техничка влада.
„Одлагање на изборите нема. Јас на трети ќе ја поднесам оставката во Владата, треба парламентот да ја констатира оставката и со тоа паѓа целата Влада. Истиот ден, претседателот Стево Пендаровски треба да му даде мандат на Оливер Спасовски, којшто треба да ја предложи новата Влада и парламентот да ја изгласа“, рече Заев.
Тој додаде дека за една изборна единица може да се одлучува до 12 февруари, односно 60 дена пред изборите додека работи парламентот. Заев вели дека СДСМ не се откажуваат од ова прашање и дека истото ќе биде отворено уште утре.
На новинарско прашање дали албанската опозиција треба да има удел во техничката влада Заев рече дека опозицијата треба да се договори за распределба на мандатите.
„Право на опозицијата е кого ќе избере за оние места коишто им следуваат, а тоа се двајца министри и тројца дополнителни заменик-министри. Доколку опозицијата се договори меѓусебно да ги распредели тие места, тоа е во ред и е нивен избор“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општината Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот корисниците на улиците Борис Сарафов и Атанас Иљоски (општина Ѓорче Петров).
Македонија
Магла на два патни правци, најавен собир на регионалниот пат Берово – Струмица, сообраќајот ќе биде блокиран
Поради појава на магла се бележи намалена видливост од 50 – 60 магла има на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Најава за прекин на сообраќај: На 19.12.2025 година во 10.00 часот од страна на Месно население на село Двориште, најавен е јавен собир на Регионален пат П-1302 (Берово – Струмица) на место викано „Студенецо“, при што сообраќајот ќе биде блокиран, а возачите кои сообраќаат по патен правец Струмица – Берово, да ги користат алтернативните патни правци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, претпладне магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточниот дел од земјата ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса до понеделник ќе се задржи стабилно и тивко време. Наместа ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во вторник кон крајот на денот ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

