Македонија
Заев не успеал да го убеди Мицкоски да ги повика грaѓаните да гласаат на референдумот
ВМРО-ДПМНЕ остаува на истиот став за референдумот. Опозициската партија и покрај најавите дека в понеделник Собранието ќе го распише референдумот, вели треба да се исполнат комулативни услови, односно 50% плус еден од запишаните избирачи да излезат да гласаат, а пак повеќе од 50% од нив треба да гласаат „за“. На последната лидерска средба, Мицкоски рече дека со власта се разидуваат во мислењата за тоа како треба да гласи референдумското прашање на кое граѓаните ќе треба да се произнесат.
Потпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, денес изјави дека тие ставот го повториле неколку пати и остануваат на истиот.
„Ставот е ист како оној на лидерската средба нема никакво помрднување, рече Арсовски одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постојат консултации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и власта околу референдумското прашање и за карактерот на референдумот.
Потпаролот Арсовски не даде одговор на прашањето дали опозицијата ќе учествува на седницата за распишување на референдумот која е најавена за понеделник, а молк од ВМРО-ДПМНЕ и за тоа каква улога ќе заземе партијата за време на референдумот.
Премиерот Зоран Заев по последната лидерската средба изјави дека не е постигнат договор за референдумот за името со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. По прекинот на лидерската средба премиерот кажа и дека Мицкоски не сакал да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдум по сопствено убедување. Заев го обвини Мицкоски дека не успеал да го препознае моментот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во период од 08.30 до 15.00 часот корисниците, од Ул.Чаирска (општина Чаир)
· во период од 09.00 до 12.00 часот корисниците,од Горно Соње Ул.7 и Ул.9 (општина Сопиште)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на патните правци Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес и од 100 – 150 метри на патните правци Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе добие нов лик
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вчера вечер, преку социјалните мрежи порача дека кејот на Вардар ќе добие нов лик.
Тој заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, изврши обиколка на кејот на реката Вардар.
„Од утре официјално започнуваме со реконструкција на спортските терени, со што овој простор ќе прерасне во современ спортско-рекреативен центар отворен за сите генерации.
Кејот ќе добие нови и целосно реконструирани терени за фудбал, одбојка и баскет, нова урбана опрема, како и модерни фитнес зони на отворено, достапни за секој граѓанин.
Со проектот се опфатени и спортските терени во Маџир Маало, кои исто така ќе бидат унапредени и ставени во функција на заедницата“, напиша Ѓорѓиевски.

