Македонија
Заев: Николоски не може да биде народен претставник, во Кривогаштани прв пат доаѓал со навигација
Александар Николоски не може да биде народен претставник на граѓаните од изборната единица 4, зашто никогаш не живеел ниту работел тука. Александар Николовски во Кривогаштани прв пат доаѓал со навигација бидејќи не знаел ни каде се наоѓа, а не пак да зборува за земјоделство, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на Кривогаштани, Могила и Ивањевци.
„Грижата за земјоделците ќе продолжи уште повеќе, обезбедуваме 200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој“, истакна Заев.
Претседателот на СДСМ потенцираше дека изминатите три години се зголемиле субвенциите, исплатата се одвива редовно, навремено и неселективно а со тоа, како што рече, се покажува на дело вистинската грижа за земјоделците и земјоделството.
„Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра. До 2024 година обезбедуваме целосно бесплатна 100 проценти субвенционирана ‘зелена’ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок. Тоа за вас значи повеќе пари, значи намалени трошоци, значи слободни средства кои ви стојат на располагање, средства кои можете да ги инвестирате во поквалитетно производство“, подвлече претседателот на СДСМ и додаде дека неговата партија покажува вистинска грижа за земјоделците и го цени и вреднува нивниот труд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

