Македонија
(Видео) Заев: Дали сте за ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција?

По завршувањето на лидерската средба, на која присуствуваа претставници на политичките партии за договарање на деталите за референдумот, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека партиите штто се за НАТО и ЕУ се за успех на референдумот.
Тој рече дека прашањето на референдумот ќе гласи: Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција? Така ќе биде на референдум и ќе биде консултативен, а волјата на граѓаните ќе биде конечна, додаде Заев.
„Однесувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е несериозно и навредливо за партиите и граѓаните. Ако тој е за НАТО и ЕУ, требаше да седи со сите лидери на партиите, а тој избега и од лидерската и од одговорноста за иднината. Што е тоа што сака да го каже, во помал состав, утре, во 12 часот, ќе има нова лидерска средба за Мицкоски да се изјасни дали е за НАТО и ЕУ“, рече премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кузеска: Изборниот процес ја блокира исплатата на 400 лица кои беа ангажирани за гаснење пожари

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска на прес-конференција изјави дека околу 400 пожарникари ангажирани преку општините, не добиле плата.
Таа истакна дека овие лица, кои во август беа примени со ветување за месечен надоместок од 24.000 денари, обуки и можност за трајно вработување, до денес, заклучно со 17 септември, сè уште немаат добиено ниту една плата.
Според информациите, исплатата е блокирана поради изборниот процес бидејќи станува збор за вонредно плаќање, што ги остава младите пожарникари без заработка, а граѓаните без целосна заштита во време на пожари и еколошки катастрофи.
Кузеска нагласи дека овој случај ја покажува потребата од системски решенија кои ќе обезбедат сигурност и навремено надоместување за сите ангажирани во противпожарниот систем. Таа порача дека е неопходно институциите и општините веднаш да најдат начин за одблокирање на исплатите и за воспоставување стабилен механизам што нема да дозволи вакви ситуации да се повторуваат. Според неа, граѓаните очекуваат јасни и ефикасни решенија, бидејќи засилен и стабилен противпожарен систем значи поголема безбедност за сите.
Македонија
Франција ќе ни помага за отворање академија за обука на администрацијата, Минчев потпиша меморандум за соработка

Министерството за јавна администрација и Амбасадата на Република Франција денес потпишаа меморандум за соработка, со што почнува нов стратешки проект насочен кон модернизација на институциите и градење професионална, ефикасна и доверлива јавна администрација. Проектот „Јакнење на капацитетите и професионализација на администрацијата“ се реализира во партнерство со Националниот институт за јавна администрација на Франција (INSP), Генералната дирекција за администрација и јавна служба (DGAFP), како и со Центарот за управување со промени (ЦУП) – организација која со своето искуство и експертиза дава значаен придонес во креирањето на реформите.
Главните цели на проектот се насочени кон воспоставување академија за обука и стручно усовршување на административните службеници во рамките на Министерството за јавна администрација и зголемување на професионализацијата на административните службеници преку размена на искуства и развој на современи пилот-програми за обуки.
„Ова партнерство ја потврдува нашата одлучност да изградиме модерна администрација – двигател на развојот, сигурен партнер на граѓаните и столб на нашите европски амбиции. Ова е инвестиција во иднината на државата и во институции што ќе ја враќаат довербата на граѓаните“, рече министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Клучен резултат од оваа соработка од Министерството велат дека ќе биде воспоставувањето на академијата за обука и стручно усовршување на административните службеници – институција што ќе обезбеди континуирано знаење, практични вештини и професионален развој за сите вработени во администрацијата.
Меморандумот го потпишаа амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер, и министерот за јавна администрација, Горан Минчев.
Македонија
Панел дискусија: За предизвиците со домувањето кај младите мора да се делува надпартиски

Потпретседателката на СДСМ Каја Шукова, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, универзитетскиот професор Горан Марковски, потпретседателката на Европската мрежа против сиромаштија Билјана Дуковска, секретарката на Универзитетското студентско собрание на УКИМ Адела Асани и членот на Регулаторна комисија за домување Башким Алили, вчера учествуваа на панел дискусијата „Домот е основна потреба, а не привилегија – локални политики за младите“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт – Канцеларија Скопје.
На оваа панел-дискусија се разговараше за сите предизвици со кои се соочуваат младите во однос на домувањето.
Програмската менаџерка во ФЕС Ивана Вучкова го отвори настанот во воведно излагање кадешто истакна дека прашањето за домување е прашање на социјална правда, еднакви шанси и достоинствен живот.
„Домувањето е основно човеково право и веруваме дека токму на локално ниво или на ниво на градот којшто има најголем проблем со домувањето, треба да се почне со вистински промени и тоа преку храбри, правични и инклузивни политики. Ние како фондација се залагаме за промовирање на дијалог помеѓу сите засегнати страни, особено кога станува збор за вакви прашања“, рече Вучкова.
Шукова, потенцираше дека за прашањето за домување мора надпартиски да се дејствува.
„Виенскиот модел е еден многу добар модел за домување. Тој е интересен и можеби може Градот Скопје да го спроведе. Во Виена при продажба на стан, при градба на објекти одлучила дел од давачките да ги одбие на оние што градат за одреден број на станови. За 50 стана во една зграда, инвеститорот нема да плати комуналии во вредност од еден стан или два и тие ќе ги отстапи на градот, а потоа градот понатаму ќе ги дава на категорија на граѓани кои имаат потреба. Тоа е еден убав модел којшто може да се спроведе кај нас, иако многу доцниме. Мора да почнеме поразлично да размислуваме, а за одредени теми и надпартиски да делуваме“, рече Шукова.
Мециновиќ, потенцираше дека една од причините за активација во политиката е и предизвиците со домување кај младите.
„Не можам да бидам слеп дека една цела генерација пријатели главниот проблем со кои се соочуваа е домувањето. Исселувањето на младите е катализирано, можеби првата причина за иселувањето на младите е недостапноста на домувањето, затоа што со тој проблем се врзуваат многу други проблеми. Домувањето се наоѓа во најбазичниот стратум на човекови потреби. Ние се соочуваме со еден наплив на идеи кои сметам дека се корозивни, кои се непродуктивни и потекнуваат од погрешни принципи, а тоа е принципот да веруваме дека ние самите сме потполно криви за ситуацијата со која се наоѓаме во нашиот живот. Тоа апсолутно не е така. Ова е прашање на политички приоритети, на јадрото на политичкото дејствување“, истакна Мециновиќ.
Марковски, посочи дека младите си одат од својата држава затоа што не можат да обезбедат и достоинствени услови за живот.
„Имањето стан е основа за нашиот цивилизациски опстанок. Без стан нема семејство, без стан нема деца. Тоа значи наше изолирање. Ете во такво опкружување живееме, во едно време на страшен популизам. Градот, но се само градот, во соработка со државата и општините може да се направи стратегија да им помогне во стекнувањето во добивањето поволни кредити. Можни се многу варијации, тука мора да има синергија помеѓу државата, градот, општините. Градот Скопје треба да се зафати со овој проблем бидејќи доминира, треба да најде начин да си ги обезбеди оние средства кои му припаѓаат“, рече Марковски.
Дуковска, додаде дека со години наназад, Европа има проблем со домувањето, и конечно е задоволна што за првпат се отвора како тема.
„Секогаш кога се спомнува младинско домување ги гледаме одма студентите, но младите се категорија од 15 до 29 години и тука младите кои живеат во семејства, од различен обем, од бездомни семејства, субстандардни услови, и богати кои уште непркнати може да бираат во кој стан ќе живеат. Градот Скопје никогаш досега не покажа грижа во однос на планирање на домување како потреба, никогаш младите не се целна група која била вклучена во планирањето на обемот на тоа што ни е потребно“, изјави Дуковска.
Асани, го презентираше својот пример во однос на домувањето кадешто сместувањето во студентски дом мора да биде основно право за секој млад човек којшто не е од Скопје.
„Цените за станот под кирија се многу високи кога би ги споредиле со просечна плата, а замислете со студентски буџет. Се издаваат станови под многу лоши услови, а со многу високи цени. Едни од предизвиците е што немаме договор за стан под кирија, за да може да бидат заштитени. Сигурност не чувствуваме и никогаш не го гледаме како наш дом. Домувањето влијае и психички кај младите, не можат да планираат иднина“, потенцираше Асани.
Алили, рече дека е добро што се отвора една ваква тема за младите и домувањето која е многу сериозна.
„Според законот за домување, Регулаторна комисија има неколку надлежности меѓукои за спроведување и овозможување на подобри услови за граѓаните за обезбедување кров над глава. Мора сите заеднички да се потрудиме да им овозможиме подобри услови на младите, ние не сме блиску ни во споредба со европските земји. Мора да земаме нивни примери и да дејствуваме“, изјави Алили.