Македонија
Заев од Куманово: ВМРО-ДПМНЕ имаат проблем со срцето, душата и петите
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да се помират со напредокот, тоа што на чекор сме од почеток на преговори и затоа со разни сценарија и конструкции се обидуваат да ја спречат интеграцијата во ЕУ и НАТО, порача претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на граѓанска трибина во Кумново.
„Им порачувам на оние кои повеќе ги сакаат кривите патишта , беспаќата и слепите улици, отколку да ни се приклучат на правиот пат, дека национализмот е оддамна излезен од мода. Треба да знаат дека на светот постојат разни отрови, но нема поголем отров од национализмот“, порача Заев.
Во обраќањето Заев се осврна и на политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.
„Оние од ВМРО ДПМНЕ имаат три основни проблеми и тоа со срцето, со душата и со петите. Прво, срцето им се кине ако започнеме преговори со ЕУ. Второ, душата ги боли ако станеме земја-членка на НАТО, и трето, имаат сериозно оптоварување на петите, бидејќи со разни сценарија и конструкции, од петни жили напнуваат да го спречат и едното и другото. Зошто? За да не се случи тоа во времето на Заев и СДСМ. Добрите дела треба да останат безимени во интерес на татковината и во интерес на сегашните и идните генерации кои живеат во Северна Македонија. Се друго е минливо, порча Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

