Македонија
Заев: Од НАТО ги прифаќаме најсовремените безбедносни системи, покажувајќи дека ќе бидеме достоинствена членка
Премиерот Зоран Заев се сретна со Антонио Мисироли, помошник-генерален секретар на НАТО за безбедносни предизвици.
Потоа, тие двајца имаа и обраќања на Конференцијата на НАТО во Скопје посветена на дигитализација на Системот за управување со кризи преку имплементацијата на NICS (Следна генерација на Систем за управување со инциденти) во државава.
Како што информираат од владината прес-служба, Мисироли, во обраќањето изразил поддршка за евро-атлантските интеграции на Република Северна Македонија и ги охрабрил властите да продолжат со реформите во областа на безбедноста и владеењето на правото.
За системот NICS нагласил дека има за цел побрза размена на информации меѓу институциите, а со тоа и резултати како во мирот и безбедноста, така и во спасувањето животи на граѓаните.
Премиерот изразил благодарност за целосната поддршка за дигитализација на системот за управување со кризи, којашто се реализира со финансиска поддршка преку Програмата на НАТО „Наука за мир и безбедност“.
„Тоа е посебно ветар во грбот за нас како држава, да одговориме со сериозност во динамиката на реализација на проектот. Сакам да нагласам на самиот почеток, дека како следна 30-та земја членка на алијансата, сме сериозни во намерите да бидеме достоинствена членка, со тоа што, со ваша помош и поддршка одговорно се поставуваме во чекор и со најновите и најсовремените безбедносни системи“, порачал Заев во обраќањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

