Македонија
Заев од Прилеп: Македонскиот код е загарантиран, Мицкоски сака да го врати само криминалниот код
„Како не им е срам, се кажуваат десничарска партија да зборуваат за патриотизам, а како кукавици да се кријат кога треба храбри одлуки да се носат во државата. Каде беа кога и требаа на државата?“, рече претседателот Зоран Заев на граѓанската трибина „На прав пат“ во Прилеп“ упатувајќи прашање за однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лажните манифестации кои ги промовира.

„Го слушам Мицкоски пред некој ден во Прилеп вели тие македонскиот код ќе го врателе. Не, господине Мицкоски, ти сакаш само криминалниот код да го вратиш. Македонскиот код е загарнтиран како никогаш досега, признаен, потврден, верифициран. Денеска, почитувани прилепчани, ние сме Македонци, признаени од целиот свет, впишано во личната карта во Обединетите нации, е тоа е патриотизам“, рече Заев во салата Марко Цепенков во Прилеп.
Тој додаде дека „нашата татковина припаѓа на ЕУ и затоа не прифаќаме никакви алтернативни решенија, како парнерства или посебни статуси“.
„Сакаме да си ја почитуваме нашата култура, којашто е составен дел од европската култура. Сакаме во ЕУ затоа што не сакаме сиромашни луѓе. Сакаме во ЕУ затоа што сме европејци, работиме за тоа право и јас ве уверувам, ние ќе добиеме одлука за почеток на преговорите. Затоа што со ништо помалку ниту се согласуваме ниту прифаќаме. Ние припаѓаме на Европа и ги имаме истите права како и земјите членки на ЕУ и нема да го компенизраме тоа со друго право. Нема друг освен патот кон ЕУ, тоа е вистинскииот пат“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег
Oблачно со повремени локални врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе има појава на магла по одредени котлини. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен прaвец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.
Во Скопје, облачно и магловито, а попладне со повремен дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
До почетокот на следната седмица следува период на претежно облачно време со локални врнежи од дожд на пониските и дожд и снег на повисоките места.
Македонија
(Видео) Симнете ги розовите очила и погледнете ги работниците – порачаа синдикатите до функционерите на протестот за повисоки плати, се бара 600 евра минималец
Со транспарентот „Протестираме за плата“, голем број граѓани излегоа на улиците за да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатити и да го изразат незадоволството од ниските плати во земјава.
Синдикалците бараат зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување од по 100 евра за сите останати плати.
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, порача дека доколку барањата не бидат исполнети, ќе следуваат блокади и генерален штрајк. Тој најави и собирање 10.000 потписи со кои синдикатот би станал овластен предлагач на закон за намалување на платите на функционерите за 80 проценти и зголемување на минималната плата на 600 евра, како и зголемување на другите плати за најмалку 6.000 денари.
„Ќе ве ставиме на тест, ќе гласате за себе наспроти луѓето кои ве гласаат вас, или ќе гласате за луѓето кои со нивниот глас ви го овозможуваат вашиот луксуз, а доколку не се случи тоа и вие ќе стоите од оваа страна на зградата, заедно со нас и ќе не поддржувате за да ви се зголеми вашата плата,“ додаде Трендафилов.
На протестот беше испратена пораката и дека Владата води најсиромашен народ и најсиромашна држава во Европа, со повик до функционерите да ги симнат розовите очила и да ја согледаат реалната состојба на работниците.
Од ССМ најавија дека протестите ќе продолжат сè додека не се исполни целта за зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати.

