Македонија
Заев од Свети Николе: Од 1 јануари просечната плата ќе биде 500 евра, а минималната 300
Од 1 јануари 2022 година просечната плата ќе биде 500 евра, минималната 300, порача Заев вечерва од Свети Николе.
„Работиме оние што немаат работа – да најдат работа, работиме за да им овозможиме на младите да се вработат и да земаат убави плати, работиме за да овозможиме постојан раст на пензиите, кај кои од први јануари ќе има видливо покачување, големо“, порача Заев.
Тој додаде дека посветено се работи лицата со попреченост да имаат и услови за функционирање, да бидат вградени во општеството и да заработуваат сами, исто така и за семејствата во социјален ризик – да примаат социјална помош со која ќе може да функционираат до моментот кога ќе се извлечат од сиромаштијата.
„Работиме да се отворат нови бизниси, да ги поддржиме постојните да се развијат, работиме да донесеме нови инвестиции, да овозможиме постојните инвестиции да се развијат“, порача Заев додавајќи дека 605 компании, претежно на млади луѓе, се поддржани со ФИТР со 85 милиони евра за развој на сопствени бизниси.
Тој нагласи дека сето ова го овозможуваме како држава, но и на локално ниво, да се грижиме за сите, за најдоброто.
„Наша цел е ‘мојата општина’ да им помага на сите, градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, има идеја и има знаење како да го донесе најдоброто во Свети Николе, а тоа е Европа во вашите маала и затоа ве повикувам да му ја дадеме довербата на Сашо Велковски за нов градоначалнички мандат во општина Свети Николе“, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
														Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
														Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

