Македонија
Заев – Оријан: Израел го поддржува напредокот на Северна Македонија
Премиерот Зоран Заев се сретна со Дан Оријан, амбасадор на Израел, кој го завршува својот мандат.
Од Владата соопштија дека на состанокот е разговарано за пријателските односи помеѓу двете држави, за коишто е констатирано дека бележат развој и се гледаат потенцијали за нивно унапредување.
„Премиерот Заев се заблагодари на амбасадорот Оријан за континуираната поддршка што ја дава Израел на нашата земја од независноста и којашто продолжува и денес во многу области. Посебно се нагласени како важни споделените искуства за старт ап претпријатијата и иновациите, во рамки на можностите за развојот на економијата. На средбата е констатирано дека Северна Македонија има перспективи за развој на економијата и преку туризмот, со оглед на богатото културно-историско наследство во државата. Во таа насока, пренесено е дека постои интерес од млади луѓе во Израел за посета на земјава, со оглед на постоечките културно-историски паметници поврзани со Евреите кои живееле во нашата држава“, се наведува во соопштението.
Исто така, истакната била поддршката од Израел за напредокот на Македонија на домашен и меѓународен план.
„Ни значат пријателството и помошта од Израел, како докажан пријател на нашата земја и продолжуваме да ги градиме односите на принципиелно ниво во областа на економијата, културата, образованието, социјалните политики. Паралелно со заложбите во рамки на евроинтеграцискиот процес, посветени сме на отворањето нови работни места и на унапредувањето на животниот стандард на граѓаните во родната земја и продолжуваме да работиме во тој правец“, рече премиерот Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

