Македонија
Заев очекува кинеските вакцини да стигнат меѓу 10 и 15 февруари
Постапката за набавка на кинеските вакцини премиерот Зоран Заев очекува да биде заокружена оваа недела и меѓу 10 и 15 февруари вакцините да бидат набавени. За олеснување на набавката согласно нашите закони, Владата го обезбедила „Алкалоид“ како партнер.
„Во самата постапка ја следиме компетитивноста за да може да добиеме што е можно подобри услови, а секако обезбедивме и партнер во државава, тоа е ‘Алкалоид’, доколку има потреба да се оди преку партнер заради почитување на македонските закони. Законските решенија се утврдени, се работи за начин на набавка по пат на преговарање за да се постигнат максимално компетитивни услови за да можеме час поскоро да ја обезбедиме и кинеската вакцина“, рече премиерот Заев.
Македонските здравствени власти минатата недела известија дека почнале постапка за набавка на 200.000 дози од кинеската вакцина на компанијата „Синофарм“.
Први вакцини што ќе стигнат во земјава според премиерот Заев ќе бидат вакцините на „Фајзер“ кои како помош ќе ги добиеме од Србија. За нив премиерот вели дека очекуваат неделава од „Фајзер“ да стигнат потребните документи.
Првите вакцини преку Ковакс-системот се очекуваат во март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Министерот Стоилковиќ објави видео од канцеларија со импровизирани кревети во кои работеле службеници од ДУИ
Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на социјалните мрежи на која, според него, е прикажана канцеларија во неговото Министерството, а во која биле службеници од ДУИ кои биле отпуштени на 24 декември.
„Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша Стоилковиќ.
ДУИ претходно обвини за дискриминација поради тоа што од Министерството биле отпуштени седуммина Албанци.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди, температура до 10 степени
Утрото ќе биде облачно, во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во текот на денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Следува период на стабилно и студено време со утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во деновите од викендот ќе дува засилен до силен северен ветер (локално над 60 km/h).
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Карпош
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
26.12.2025 година (петок) :
· од 08.00 до 14.00 часот, корисниците на ул. 22 во нас. Инџиково. (Општина Гази Баба)
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на ул. Јуриј Гагарин бр. 57. (Општина Карпош)

