Македонија
Заев: Пораката на американскиот претседател е потврда за демократските вредности
Пораката на американскиот претседател Џо Бајден е потврда за демократските вредности, и сериозна порака на охрабрување и мотивација дека сме на вистинскиот пат истакна премиерот Зоран Заев коментирајќи ја наредбата на Бајден, со која се прошири опсегот на санкции за поединци и организации од земјите на Западен Балкан, што ја загрозуваат стабилноста на регионот, а во декретот се додадени и Преспанскиот и Охридскиот договор.
Тоа е порака на демократски вредности за кои се бориме и претставува своевидна најголема потврда за вредностите за кои оваа Влада се залага, рече Заев.
„И во едни такви околности, навистина е испратена порака за еден куп негатори, мрчатори, поткупувачи, блокатори и сл, во државата дека ова е пресериозна работа за некој да може да си прави политиканство на нездрави основи“, истакна Заев.
Тој изрази задоволство што, како што рече „првиот и најголем стратешки парнер на земјава, САД, преку Бајден, стави фокус и внимание кон Западен Балкан“.
„Фокус и внимание кон вредностите за кои се залага оваа Влада и испрати порака кон сите поткупувачи на овие демократрски вредности дека навистина тоа што може САД да го направи, да блокира сметки таму, или да забрани патувања на другите, а не е малку, срамот некој нека го носи па нека му е со здравје ако се обидува и понатаму тоа да го прави”, предочи премиерот.
Дефинитивно, рече Заев имаме ветер во грб сите што веруваме во демократијата, во слободите и во отстранувањето на девијантните појави во општеството.
Запрашан кому е наменета пораката, Заев вели дека текстот е многу јасен и чист и додаде оти во него може да се препознае дека прво почнува од Преспанскиот договор кој се вреднува но и Охридскиот рамковен договор, за кој оваа година славиме 20 години, резолуциите за Косово, Дејтонскиот за БиХ итн.
„Тоа се договори сите создадени на барање на помош од пријателите, меѓу кои секогаш биле САД. Затоа напорите кои се направени се навистина за обезбедување и гарантирање добра иднина на Балканот и таа до денеска е гарантирана. Нема нови војни, нема најави за нови војни и тоа е многу значајно, но не е доволно“, нагласи Заев.
Според него, потребно е уште да се унапредат правата, слободата, транспарентносата, отчетноста, одговорноста и се што е важно за едно демократско општество.
„Посочено гледам токму кај оние што се борат против тоа, односно на директен или индиректен начин гледаат да го минираат, да го оспорат, да го блокираат сета тоа што претставува извесна иднина, едниствена според мене на Западен Балкан и на Македонија“, потенцира Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

