Македонија
Заев порача да се истражи од каде потекнуваат „бомбите“ за Милошоски

Ние нашата обврска ја завршивме и ги предадовме сите материјали од прислушуваните разговори во СЈО, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, запрашан за разговорот што оваа недела беше објавен на „Јутјуб“, помеѓу пратеникот Антонио Милошоски и екс-претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
„Да не заборавиме кој прислушувал во државата и да не заборавиме дека цело време укажувавме дека само еден дел од тие материјали добивме кај нас. Овој материјал сега што го слушнав веројатно во тоа време да го имавме би го објавиле за да го разобличиме судството“, рече Заев.
Како што кажа претседателот на СДСМ, според нивната проценка, тие поседувале околу 30 проценти од прислушуваните материјали.
Тој порача дека истрагата треба да покаже од каде доаѓаат разговорите и кој ги објавува.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.