Македонија
Заев: Постои подготвеност за унифицирње на ДДВ на храна од 10 отсто во угостителските објкети
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, синоќа оствари средба со претставници на угостителството од Скопје, на која беше разговарано за актуелната состојба во земјава со посебен акцент на угостителскиот сектор, реалните потреби, сугестии и идеи за подобрување на истите.
На средбата се разговараше за предлози од страна на угостителите кои би имале големо значење за овој сектор и би придонеле за негово подобро функционирање.
Изедначување на работното време до 1 часот по полноќ за сите 365 дена во годината, воведување интервентна полиција која ќе обезбедува ред во ноќниот живот, особено пред поголемите локали, при продажба на храна, нивелирањето на ДДВ да е со 10 отсто, унифициран правилник за тераси и продажба на цигари во локалот по цена која тие ќе ја одредат се дел од предлозите на кои угостителите дадоа посебен осврт.
Угостителите покажаа задоволство од донесеното решение за ЗАМП и предложија одредување паушал кој би се плаќал на почетокот на година во насока на заштита од нанесување штета од вработени во угостителските објекти, решение што би било уредено со Законот за прекршоци.
Од страна на Заев беше посочено дека барањата на угостителите се прифатливи и ќе бидат внесени во изборната програма на СДСМ и дополнително понуди решенија на проблеми со кои се соочува овој сектор во нашата држава, а тоа е недостигот на работна сила поради одливот во други земји.
Претседателот на СДСМ предложи носење законски решенија кои ќе значат создавање можности преку внес на работна сила од надвор по примерот на многу европски земји.
Заев изрази подготвеност и за изедначување на ДДВ-то за храна во угостителските објекти од 10% .
Средбата на претседателот Заев и претставниците на угостителскиот сектор беше оценета како позитивна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

